Дали искуството на Максим Димитриевски и позитивната енергија на Миле Цеков ќе донесат изненадување во ИЕ4?


На 12.04.2024 година, караванот на кандидатот за претседател на Максим Димитриевски ги посети Кавадарци, Неготино, Демир Капија и Росоман. Сликите и видеата од средбите со граѓани, покажуваат дека Максим Димитриевски ја користи кампањата не само да го охрабри членството, туку да придобие нови гласачи и симпатизери. Впрочем, Движењето ЗНАМ за Наша Македонија е нова партија која сеуште формира нови општински организации и која според  Димитриевски е најбрзо растечка политичка сила.

 

Тоа што беше впечатливо при посетите на Кавадарци, Неготино и Демир Капија е позитивната младешка енергија која ја носи Миле Цеков, носител на листата на кандидати за пратеници за ИЕ и претседател на ОО на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија во Струмица.

Интересно е да се напомене дека при собирањето потписи за кандидатурата на Максим Димитриевски во Струмица биле собрани околу 940 потписи, додека за Стево Пендаровски имало околу 200 потписи повеќе. Несомнено, овој резултат но и говорите во Кавадарци и Неготино покажуваат дека Миле Цеков има потенцијал да прерасне во препознатливо лице на политиката во Македонија.

Во своите говори во Демир Капија, Кавадарци и Неготино Максим Димитриевски ги повика граѓаните да не молчат посочувајќи „молкот денес е срам, затоа народот треба да се одважи и да престане молкот“, а посочи и дека тој ќе се залага пензионерите да добијат 13та пензија во годината.

Миле Цеков во своите говори зборуваше дека е бесмислено да се верува на политичари и партии кои 30 години ветуваат, а не исполнуваат. Исто така тој во своите говори се фокусира на потребата да се помогне на домашните фирми, земјоделците и на младите. Цеков емотивно истакна дека наместо млади во центарот на Кавадарци, за жал гледа само обложувалници и казина.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи