На сите нас ни е доста од хаос и безредие, од распродажба на Македонија од уништување на иднината на младите. На сите нас ни е доста од секојдневни скандали и афери, од масовен грабеж врз грбот на народот, од неспособна централна власт која не направи апсолутно ништо добро за граѓаните во Македонија. На сите нас ни е доста од владеењето на СДС и ДУИ, рече на денешната прес конференција, Андријана Челебитова, ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Почитувани сограѓани, Почитувани прилепчани.
На сите нас ни е доста од хаос и безредие, од распродажба на Македонија од уништување на иднината на младите. На сите нас ни е доста од секојдневни скандали и афери, од масовен грабеж врз грбот на народот, од неспособна централна власт која не направи апсолутно ништо добро за граѓаните во Македонија. На сите нас ни е доста од владеењето на СДС и ДУИ!
Време е на чело на државата да застане личност, која со своето знаење, професионално искуство и својот кредибилитет, ќе покаже дека Република Македонија заслужува вистински претседател. Време е за промени, време е да ја направиме Македонија повторно горда!
Прилеп и прилепчани, отсекогаш знаеле да ја изберат вистинската страна секогаш кога било најпотребно. Така ќе биде и овој пат. Сите анкети и средбите со нашите сограѓани на терен го покажуваат тоа.
Затоа, ве повикувам на голем народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот за претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова, денес, со почеток во 20:30 часот, на ова место, на плоштадот „Методија Андонов Ченто“.
Да дојдеме во што поголем број и да испратиме јасна и гласна порака: Македонија ќе биде повторно наша! Македонија ќе биде повторно горда!
Posted by ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп on Понеделник, 15 април 2024
„Време е на чело на државата да застане личност, која со своето знаење, професионално искуство и својот кредибилитет, ќе покаже дека Република Македонија заслужува вистински претседател. Време е за промени, време е да ја направиме Македонија повторно горда! Прилеп и прилепчани, отсекогаш знаеле да ја изберат вистинската страна секогаш кога било најпотребно. Така ќе биде и овој пат. Сите анкети и средбите со нашите сограѓани на терен го покажуваат тоа.
Затоа, ве повикувам на голем народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот за претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова, денес, со почеток во 20:30 часот, на ова место, на плоштадот „Методија Андонов Ченто“.
Да дојдеме во што поголем број и да испратиме јасна и гласна порака: Македонија ќе биде повторно наша! Македонија ќе биде повторно горда“, додаде Челебитова.