ВИДЕО – Николоски: 608 луѓе починаа од корона во Прилеп додека Филипче тераше лична промоција, а за да ја отворат модуларната дојдоа со хеликоптер


Знам дека од некаде не‘ гледа претседателот на заминување Стево Пендаровски и мислам дека вкупно во сите собири заедно да собери олку народ нема колку што вечерва имаме во Прилеп, благодарам што сте тука, изјави вечерва во Прилеп, носителот на листата за пратеници на ИЕ 4, за ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

„Пред нас се историски избори за Македонија, избори кои што ќе ја одредат судбината на Македонија во следните 20-30 години. Не случајно нервозата е голема и на страна на Пендаровски и цело СДСМ и на страна на ДУИ. Од една страна го гледате Пендаровски почна да навредува, од друга страна ДУИ се уште мисли дека може да уценува. Ни едното ни другото не поминуваат. Стево Пендаровски наместо да одговори зошто штити криминал, зошто ги потпиша спорните измени на кривичниот законик со кои се штитат криминалците, наместо да одговори како прифаќа ваши народни, крадени пари за финансирање на неговата кампања и наместо да одговори зошто не осуди ниту една криминална афера во Македонија, тој навредува. Тоа само го покажува неговото вистинско лице. Гледам од ДУИ мислат дека се уште можат да уценуваат, па велат доколку сакате ова или она треба да поддржите избор на претседател на државата во Собрание. Да им порачаме од овде, претседател на државата се бира, се бирал и ќе се бира директно од народот на непосредни избори, ниедна уцена нема да помине, не се во позиција да уценуваат, а вие со масовната излезност и на 24 април и на 8 мај ќе кажете едно големо не на уцените, доста е“, кажа Николоски.

Тој запраша дали не ги гризела совеста за она што се случувало во корона кризата, кога Прилеп по број на жители бил на врвот на црната статистика во Македонија.

„Во Прилеп состојбата беше најлоша, само благодарение на неколку доктори херои на кои сакам да има оддадам почит вечерва бројките и не беа полоши од тие што се. Во Прилеп додека Филипче тераше лична промоција и личен ПР, 608 луѓе го загубија животот, 608 семејства се зацрнија и гледам дека не го гризе совеста за тоа, не зборува за тоа и повторно решава да тера личен ПР. Една од причините што беше така е што цела една година немаше централен довод за кислород во болницата, цела една година пациентите не можеа да добијат кислородна поддршка, цела една година основна здравствена заштита не се даде на болните. Ми велат некои ова се премногу црни работи, дали се за кампања? Да, се за кампања, затоа што треба да се знаат, затоа што треба да се потсети за никогаш повеќе такви луѓе да не ни се вратат. И финално, се сеќаваат ли на онаа епска забеганост кога после година и пол од почнувањето на корона кризата, после година и пол супстандардни услови во прилепската болница, решија да изградат модуларна болница и на 2 април 2021 година истиот тој Венко Филипче со втората на листа после него Јована Тренчевска со хеликоптер дојдоа овде да ја отвараат. Толку беа забегани што се качија на хеликоптер кој троши десетици илјади евра за летање од Скопје до Прилеп и дојдоа да отвараат модуларна болница на тогаш бројни веќе за жал починати од корона, ни помалку ни повеќе со хеликоптер“, додаде Николоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи