Во вториот дел од интервјуто со Златко Ристески или кај сите познат како Џекчето, поранешен директор на ЈКП Комуналец разговараме за неговата специјалност, а тоа е управувањето на отпадот.
Според Ристески сегашниот модел кој сака да го воспостави државата на Регионални депонии е скап модел кој ќе придонесе за подигнување на цената која треба на крајот да ја платат граѓаните. Споре него секој град треба да го спроведе прилепскиот модел на нула отпад кој што тој лично го имал разработено.
За овие актуелни проблеми, но и за тоа дали секундарната селекција ќе даде резултати кај нас и дали ќе биде рентабилна доколку не се искористи неговиот проект за што има напишано и цел магистарски труд слушнете подолу во интервјуто.
Ристески зборува и за тоа какви се актуелните состојби во Комуналец, во каква состојба го начекал и во каква состојба го оставил ова јавно претпријатие.