ВИДЕО – Втор случај на голема кашлица во прилепско кај 5 месечно бебе од селото Житоше


Втор случај голема кашлица во прилепско овој пат кај 5 месечно бебе од селото Житоше кое е хоспитализирано на детското одделение во прилепската болница. После добивањето на резултатите од лабораториска дијагностика  е дадена соодветна антибитоска терапија и бебето е во добра состојба.

Симптомите кај детето се јавиле околу 13-ти овој месец со кашлица и повраќање, било донесено и веднаш хоспитализирано во детското одделение. Поради симптомите карактеристички за голема кашлица лекарите веднаш се посомневале на неа. Ова дете има примено една доза на вакцина, неколку дена пред појава на симптомите, значи во периодот кога ја добило вакцината детето се наоѓало во фаза на инкубација на болеста“, изјави Татјана Станимировиќ, раководител на епидемиологија во Центар за јавно здравје Прилеп.

Во моментов екипи од Центарот за јавно здравје од Прилеп вршат епидемиолошко истражување кај лицата од опкружувањето со кои што бебето имало контакт.

Со цел да утврдиме какви биле тие контакти, на која возраст се контактите, дали има деца под 14 годишна возраст, дали се истите вакцинирани за да понатаму се постапи согласно препораките. Значи после проверка на вакциналниот статус да се препорача да се вакцинираат или да се заврши со вакцинација кај децата до 14 годишна возраст“, додаде Станимировиќ.

И првиот регистиран случај на голема кашлица минатиот месец во прилепско беше кај 4 месечно бебе од селото Дебреште, кое било вакцинирано со една доза на вакцина, еден месец пред добивање на симптомите. Бебето не било било хоспитализирано бидејќи било со лесна клиничка слика.

Според експертите во припепско имате голем опфат на вакцинирани деца така што ова се изолирани случаи кои нема да ја нарушат добрата епидемиолошка слика во регионот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи