ВИДЕО – Посетете ја АПИ КОМОРАТА на Зафироски – вдишете здравје и целата природа од само една кошница


Се наоѓаме на имотот на прилепчанецот Зафир Зафироски од Прилеп инаку пчелар со повеќе од дваесет и пет годишно искуство во моментов поседува околу осумдесетина пчелни семејства и произведува голем бој на пчелни производи. Но ние сме тука сме поради едно интересно нешто кое што е реткост во нашата држава, а тоа е АПИ КОМОРАТА.

АПИ КОМОРА е нешто каде што секој може да дојде и да вдишува од воздухот практично што се наоѓа во самата кошница кај пчелите?

Зафироски: Да токму така, тоа е комора каде односно во таа комора се најдуваат пчелни семејства кои се изолирани од директен контакт со луѓето и со помош на апарати за инхалација ги искористува аеро солите односно производите што ги прават самите пчели значи од медот што го внесуваат, матичниот млеч, прополисот и поленот. Сите тие аеро соли ги вдишува и му помагаат на самиот чивечки организам за лекување на дишниот тракт.

АПИ КОМОРАТА се наоѓа позади нас и вие ја изградивте комплетно сами?

Зафироски: Целосно, ова е мое дело, нормало со помош и на пријатели  за поголемите работи иначе системот е разработен како самоодржлив едноставно самоодржлив систем на функционирање со соларни панели, со вода, со термо изолација.

Да, гледаме дека ја собирате дури и дождовницата ја искористувате како техничка вода.

Зафироски: Да и дождовницата.

Она што сакав да ве прашам е како дојдовте до идејата за АПИ комората, ја видовте некаде во странство или имаше во Македонија?

 Зафироски: Па, претежно сето ова е дојдено од странство први биле Русите, што го измислиле нештото, па Скандинавците ама полека дошле на кај средна  Европа, најблиски ни беа Словенците, па во Босна, во Србија и така е дојдено пред неколку години и во Македонија. Ми беше како идеја уште пред повеќе години ама бидејќи сакав сам да ја изградам по мој вкус, по мој систем на работа и така полека неколку години јас ја правев за да функционира едноставно. Дојде од едно обично објектче што го имав од потреба за пчелите така што дојде до едно функционално местенце едноставно ја нареков јас ПЧЕЛАРСКА КОШНИЦА, значи пчеларот каде може да си ги обавува сите работи и да си прима и гости и да си прави како дружење и како едукативно нешто да биди. Така повеќенаменска замислата ми беше и да биди едноставно како и за АПИ ТУРИЗАМ.

Значи, еве вака изгледа една АПИ КОМОРА, тука во овие сандаци се наоѓаат пчелите, а ова е системот за инхалирање. Дали може да ни презентирате како се инхалира?

Зафироски: Значи, прво треба да се запознаеме со начинот, значи има правила за однесување во АПИ комората, што можиме после да ги прикажиме за што се користи. Третман во АПИ комората што лекува и помага од астма, бронхит, бронхопнеумонија, хронична кашлица , воспаление на горен аспираторен тракт, релаксација и опуштање на нервниот систем. Нормално има и некои НУС појави негативни последици доколку си алергичен на некои производи,ама се претежно овие правила за високо сензитивни личности, што имаат мака. Инаку не се препорачува многу да влегуваат тие во АПИ комората ако се високо сензитивни, значи треба да избегнуваат, а за секој случај за не дај Боже, сме спремни со лекарства за против алергија, значи имате инекции СИНОПЕН ДЕКСАМЕТАЗОН, адреналин, и за послаби појави ЛОРАТАДИН.

Како функционира сега АПИ комората?

Зафироски: Начинот на користење на АПИ комората како што кажавме претходно се користат аеро солите од сите производи пчелите што ги внесуваат, самата кошница е независна и си има посебен излез, пчелите си општат со природата назад, а вие без никаква грижа си идите и си вршите третман.

Има отвор позади во ѕидот и доаѓаат во кошницата?

Зафироски: Да, овде има сито што не можат пчелите да го преминат, значи има три врсти на сита, механичко, за да не можат пчелите да преминат горе, потоа имате друго појадро сито, и на крајот имате поленов филтер за да се намали реакцијата на поленот на самиот човек, претежно децата или повозрасни што имаат проблем некои во пролет со поленот во природата, со овој поленов филтер се намалува самата реакција и може да се случи дури и да се излекува човекот што ја има таа константна алергиска реакција полен, бидејќи се внесува во мала количина од самиот полен. Пред секој третман правиме дезинфекција со сто постотен алхохол, го пребришуваме, го ставаме на лицето на човекот, и го пуштаме апаратот кој помага при вдишување на самите аеро соли, малце е послабо има тука неколку брзини, за самите пчели да не се вознемируваат ако е многу појако пуштено нештото оти му прави во самата клима дизбаланс.

Колку време се користи вдишувањето?

Зафироски: Вдишувањето се користи отприлика седум до десет третмани, дваесет минути до половина час. Секој ден седум до десет дена. Се диши нормално.

Колку вакви АПИ комори има низ Македонија?

Зафироски: Па, јас како што знам најмалце има шест – седум во Македонија.

Значи, не се многу. Доаѓаат ли луѓе се интересираат ?

Зафироски: Претежно луѓето не се запознаени со оваа работа, не се доволно ни едуцирани, баш се интересираат  – Што е ова? Нешто ново кај нас еве некоја година, најмалце пет години има од кога е почнато да се користи и да се применува за лекување на човечкиот организам.

Може од најмлади до најстари лица да ја користат оваа техника. Кажете ми како може некој кој што е заинтересиран да закаже да дојде да ги користи овие третмани кај вас?

Зафироски: Преку телефон, преку контакт, преку фејсбук преку месинџер имам јас на интернет преку фејсбук страницата не е проблем да се закажи. И тоа се организира по потреба можам да ги земам ако не можат да дојдат, односно со термин.

Може да го пробаме?

Зафироски: Може како не.

Се чувствува воздухот што доаѓа од кај пчелите има карактеристичен мирис. Навистина интересен начин, еве би им го препорачал на сите оние кои што го немаат пробано или не слушнале да дојдат ида се консултираат со вас. Која е вашата порака до граѓаните кои што не се запознати со овој начин на лекување на болестите кои што ги имаат на дишните патишта?

Зафироски: Па, најдобро е да дојдат да проверат да видат, првин да ги информираме да ги едуцираме малце да ги запознаеме со нештото, што се вика домаќински да ги почестиме. Никој овде што дошол не се вратил не почестен. И може исто и со самото пешачење низ самиот дел на Прилеп место викано Сарика, Шаторов Камен, со самото движење, да се рашират градите или градниот кош, да дојдат да подишат од воздухот едноставно како врв на нештото, ова ни е како цела природа во една кошница.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи