Конечно после по неколку децении за прв се реконструира единствениот пат кој води до Споменичната целина „Мечкин Камен“. Тука се наоѓа и главното полетувалиште на парагалјадерите. Освен реконструкција патот доби и проширување за подобро и побезбедно одвивање на сообраќајот.
„Овој патен правец е од огромно значење за развојот на туризмот во Крушево. Параглајдерството и змејарството се носечка гранка на туризмот во овој град. Освен реконструкцијата и проширувањето на патот се изгради и комплетно нов паркинг за автомобили автобуси. Претходно ваков паркинг беше изграден веднаш до самото полетувалиште. Со овие инвестиции и нови паркинг простори се зголемува капацитетот на полетувалиштето, како и можноста за поголема посетеност на Споменичниот комплекс.
Напоредно се работи и на уредување на полетувалиштето со клупи, занимални, тоалети и сета пропратна содржина која им е потребна на параглајдеристите. Крушево станува една од 5-те топ светски дестинации за развој на параглајдингот“, информираат од Општина Крушево.