ВИДЕО – Смилеска: ВМРО-ДПМНЕ манипулира, одржувањето на компјутерскиот систем за 24 месеци е зголемено за 30.000, а не за 60.000 евра, тоа е поради набавката на нова опрема


Вчерашните изјави на Александар Николоски се лага и претставуваат груба манипулација на јавноста во политички цели во тековната предизборна кампања а во функција на суровата, црна и валкана кампања на ДПМНЕ за стекнување на ситни дневно политички поени, изјави денеска на прес конференција Кети Смилеска, Директор на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп.

Прес конференција на Кети Смилеска, Директор на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп

Вчерашните изјави на Александар Николоски се лага и претставуваат груба манипулација на јавноста во политички цели во тековната предизборна кампања а во функција на суровата, црна и валкана кампања на ДПМНЕ за стекнување на ситни дневно политички поени.
ЈЗУ Општа болница со проширена дејност на 7ми декември 2021 година склучи договор со фирмата “Кодекс компјутери“ од Кавадарци со ставка превентивно одржување на постоечкиот информационен систем во вредност од 3.900.000 денари, без ДДВ, а за времетраење од 24 месеци. Тоа значи дека болницата во овој изминат двегодишен период по овој договор исплаќала на спомената фирма по 162.500 денари месечно.
По претходно објавен оглас за јавна набавка, на ден 12 февруари 2024 година е склучен нов договор, со ставка одржување и надградба на постоечки интегриран информационен систем во висина од 5.850.000 денари, без ДДВ. Со овој договор болницата има обврска да исплаќа месечно по 243.750 денари, без ДДВ. Тоа значи дека во споредба со претходниот, со овој нов договор станува збор за месечно зголемување на трошоците од 81.250 денари.
За информација на јавноста споменатата фирма “Кодекс компјутери“ од Кавадарци го одржува информациониот систем во болницата од 2011 година, во време на владеење на ДПМНЕ и директори поставени од ДПМНЕ.
Со оглед на тоа дека под одржување на информационен систем се подразбира одржување на сите програми во болницата ЛИС-Лабораториски информационен систем и РИС-Радиолошки информационен систем, оваа сума од 81.250 денари месечно е повеќе од оправдана.
Зошто?
Затоа што во изминативе две години ЈЗУ Општа болница набави најсовремен апарат за Магнетна резонанца, благодарение на тогашниот министер за здравство Венко Филипче, апарат кој беше интегриран во Радиолошкиот информационен систем-РИС, со цел резултатите од снимките на пациентите да бидат достапни на копјутерите на секој лекар во болницата.
Исто така изминативе две години преку Министерството за здравство набавен е мобилен рентген апарат, кој исто така е интегриран во Радиолошкиот информационен систем, и од кој исто така снимките се веднаш достапни на компјутерите на секој лекар.
Веќе во Радиолошкиот информационен систем-РИС, е додаден и набавениот дигиталени рентген радиолошки апарат, со цел побрзо обезбедување на лекарските извештаи за побрзо добивање на резултатите во интерес на нашите пациенти.
Во интегрираниот информационен систем се исто така и набавените нови апарати – колоноскоп и гастроскоп.
Набавената најсовремена опрема за Биохемиската лабораторија, меѓу која и апаратот за рана детекција на сепса , како и набавената опрема за лабораториите во населените места, исто така се интегрирани во Лабораторискиот информационен систем-ЛИС…
Времето кога Премиер доаѓаше во болницата да се слика со кади и лавабоа е одамна завршено. Тоа време ја остави болницата без лекари специјалисти… 3-4 специјализации и огромни суми долгови.
Денес болницата има испратено 50 лекари на специјализација и 5 лекари на субспецијализации. Имаме горд и неуценуван медицински персонал со зголемени плати како никогаш во историјата на болницата.
По завршувањето на тоа мрачно време ЈЗУ Општа болница со проширена дејност се стабилизира финансиски и секој денар го вложува во набавка на нова и современа опрема и реновирање на болничките одделенија. Ама суштинско реновирање на одделенијата, не набавка на кади и лавабоа!
Денес нашите пациенти се сместени во реновирани болнички соби, на нови а не на искршени и стари кревети, со нови а не искинати и нечисти постелнини.
Граѓаните никогаш нема да ја заборават, а ни вработените, ковид кризата во која сите макотрпно се боревме. Срамота и гревота е да се коментира за смртта на пациентите во време на пандемија, кога свеста на секој човек беше на високо ниво, освен на ДПМНЕ. Стоејќи отстрана, служејќи се со различни диверзии, пробувајќи да го уништат здравствениот систем , кој во тој момент се бореше со нешто што беше непознато за целото човештво.
И за крај 81.250 денари разлика за еден месец, или за 24 месеци се 30.000, а не 60.000 евра.
Лесно е да земете 2 листа хартија во рацете да мафтате со нив и лажно да обвинувате. Тешка е математиката. 81.250 денари месечно делено на 10-тина новонабавени апарати интегрирани во одржување, се околу 8.000 денари по апарат, народни пари кои се трошат за подобрување на услугите кон нашите пациенти.
Среќа е, а на огромна жал на Николоски што граѓаните знаат и изминативе 7 години препознаваат што значи квалитетна здравствена услуга, а медицинскиот персонал си ги добива заслужените привилегии.
Ја користиме оваа прилика да му се заблагодариме на Александар Николоски, што ни овозможи да ги истакнеме постигнувањата во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност, притоа земајќи во предвид дека ако зборуваме за време на владеењето на ДПМНЕ и директорувањето на кадрите од ДПМНЕ, имаме многу да кажеме.
Но сепак, нашата цел како и досега пред се е подобрување на здравствените услуги кон нашите пациенти и задоволен медицински кадар, а не купување на ситни политички поени.

Posted by ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп – официјална страница on Понеделник, 22 април 2024

 

„ЈЗУ Општа болница со проширена дејност на 7ми декември 2021 година склучи договор со фирмата „Кодекс компјутери“ од Кавадарци со ставка превентивно одржување на постоечкиот информационен систем во вредност од 3.900.000 денари, без ДДВ, а за времетраење од 24 месеци. Тоа значи дека болницата во овој изминат двегодишен период по овој договор исплаќала на спомената фирма по 162.500 денари месечно.

По претходно објавен оглас за јавна набавка, на ден 12 февруари 2024 година е склучен нов договор, со ставка одржување и надградба на постоечки интегриран информационен систем во висина од 5.850.000 денари, без ДДВ. Со овој договор болницата има обврска да исплаќа месечно по 243.750 денари, без ДДВ. Тоа значи дека во споредба со претходниот, со овој нов договор станува збор за месечно зголемување на трошоците од 81.250 денари.

За информација на јавноста споменатата фирма “Кодекс компјутери“ од Кавадарци го одржува информациониот систем во болницата од 2011 година, во време на владеење на ДПМНЕ и директори поставени од ДПМНЕ.

Со оглед на тоа дека под одржување на информационен систем се подразбира одржување на сите програми во болницата ЛИС-Лабораториски информационен систем и РИС-Радиолошки информационен систем, оваа сума од 81.250 денари месечно е повеќе од оправдана.

Зошто?

Затоа што во изминативе две години ЈЗУ Општа болница набави најсовремен апарат за Магнетна резонанца, благодарение на тогашниот министер за здравство Венко Филипче, апарат кој беше интегриран во Радиолошкиот информационен систем-РИС, со цел резултатите од снимките на пациентите да бидат достапни на копјутерите на секој лекар во болницата.

Исто така изминативе две години преку Министерството за здравство набавен е мобилен рентген апарат, кој исто така е интегриран во Радиолошкиот информационен систем, и од кој исто така снимките се веднаш достапни на компјутерите на секој лекар.

Веќе во Радиолошкиот информационен систем-РИС, е додаден и набавениот дигиталени рентген радиолошки апарат, со цел побрзо обезбедување на лекарските извештаи за побрзо добивање на резултатите во интерес на нашите пациенти.

Во интегрираниот информационен систем се исто така и набавените нови апарати – колоноскоп и гастроскоп.

Набавената најсовремена опрема за Биохемиската лабораторија, меѓу која и апаратот за рана детекција на сепса , како и набавената опрема за лабораториите во населените места, исто така се интегрирани во Лабораторискиот информационен систем-ЛИС…

Времето кога Премиер доаѓаше во болницата да се слика со кади и лавабоа е одамна завршено. Тоа време ја остави болницата без лекари специјалисти… 3-4 специјализации и огромни суми долгови.

Денес болницата има испратено 50 лекари на специјализација и 5 лекари на субспецијализации. Имаме горд и неуценуван медицински персонал со зголемени плати како никогаш во историјата на болницата.

По завршувањето на тоа мрачно време ЈЗУ Општа болница со проширена дејност се стабилизира финансиски и секој денар го вложува во набавка на нова и современа опрема и реновирање на болничките одделенија. Ама суштинско реновирање на одделенијата, не набавка на кади и лавабоа!

Денес нашите пациенти се сместени во реновирани болнички соби, на нови а не на искршени и стари кревети, со нови а не искинати и нечисти постелнини.

Граѓаните никогаш нема да ја заборават, а ни вработените, ковид кризата во која сите макотрпно се боревме. Срамота и гревота е да се коментира за смртта на пациентите во време на пандемија, кога свеста на секој човек беше на високо ниво, освен на ДПМНЕ. Стоејќи отстрана, служејќи се со различни диверзии, пробувајќи да го уништат здравствениот систем , кој во тој момент се бореше со нешто што беше непознато за целото човештво.

И за крај 81.250 денари разлика за еден месец, или за 24 месеци се 30.000, а не 60.000 евра.

Лесно е да земете 2 листа хартија во рацете да мафтате со нив и лажно да обвинувате. Тешка е математиката. 81.250 денари месечно делено на 10-тина новонабавени апарати интегрирани во одржување, се околу 8.000 денари по апарат, народни пари кои се трошат за подобрување на услугите кон нашите пациенти.

Среќа е, а на огромна жал на Николоски што граѓаните знаат и изминативе 7 години препознаваат што значи квалитетна здравствена услуга, а медицинскиот персонал си ги добива заслужените привилегии.

Ја користиме оваа прилика да му се заблагодариме на Александар Николоски, што ни овозможи да ги истакнеме постигнувањата во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност, притоа земајќи во предвид дека ако зборуваме за време на владеењето на ДПМНЕ и директорувањето на кадрите од ДПМНЕ, имаме многу да кажеме.

Но сепак, нашата цел како и досега пред се е подобрување на здравствените услуги кон нашите пациенти и задоволен медицински кадар, а не купување на ситни политички поени“, истакна Смилеска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи