ВИДЕО – Протест на затворските полицајци во Прилеп, нарушена им била безбедноста и се плашат за својот живот, бараат преместување на дел од затворениците


И додека осудените лица во прилепскиот затвор денеска го остваруваа своето право на глас, затворските полицајци протестираа пред оваа установа со образложение затворот не ги исполнува критериумите за да прима затвореници од висок ризик и да биде катрегоризиран во Казнено поправен дом. Вработените се чувствуваат загрижени за безбедноста по својот живот и поради закани и страв голем дел од нив земале боледување и не оделе на работа. Во моментов имало вработено 54 затворски полицајци на 125 осуденици, а бројот според стандардите требало да биде 1 : 1.

„Барањата наши се да се повлечат осудените лица од висок ризик и се додека не се создадат услови за то да не ни носат вакви лица. Загрозена е безбедноста на колегите, затворот не е во можност да излези во пресрет, објектот поради местоположбата излегува на 2 патишта, нема тампон зона и немаме можност да ги обезбедиме овие лица. Потребен е затворен систем, келиски систем, се додека не се направи тоа ние немаме услови“, рече Саше Гулески, вработен во затвор Прилеп.

Полицајците бараат повторно враќање на затворот во ранг на Казнено поправна установа односно затвор од отворен тип. Дури и Комисијата на Управата за извршување на санкции утврдила дека објектот не ги задолува стандардите за КПД, но директорот на Управата, според полицајците, се прогласил за ненадлежен за решавањето на проблемот. Досега не добиле ниту прием од Министерот за правда.

„Услвоите не се такви за да може да се носат ваков тип на затвореници, луѓето не се екипирани како што треба за да обезбедат таков тип на затвореници. Ова е затвор од отворен тип и условите на објектот и условите на полицајците што ги обезбедуваат не се во можност да им ја извршуваат работата која им се дава и со тоа истото се загрозува и нивната сигурност“, истакна Владимир Литовски, претставник на Независниот синдикат на полицијата.

 

„Да потенцирам и тоа дека дел од колегите 50%, да не речам и 80% не се вооружени, немаме униформи, немаме средства за работа“, додаде Саше Гулески, вработен во затвор Прилеп.

Затворските полицајци велат протестот нема никаква политичка позадина иако било предизборие. Состојбата била слична во скоро сите затвори, единствено подобри услови имале затворите во Шутка и Идризово. Најавуваат дека протестите ќе бидат секој ден од 12 до 14 часот, а можно било и порадикален штрајк.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи