ВИДЕО – „Правината се танчи, ама не се кинит“ – Прилеп доби нов мурал на Центарот за култура „Марко Цепенков“


Во рамки на проектот на визуелната уметница Ивана Самандова кој што е насловен „Јазикот коски нема, но коски крши“ на фасадата од домот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп беше нацртан мурал со еден цитат токму од Марко Цепенков „Правината се танчи, ама не се кинит“. Фокусот на муралот е пренасочен на величината на Марко Цепенков, како една од најистакнатите фигури во македонската историја и култура.

„Овој проект е поддржан од Министерството за култура од нивниот годишен конкурс за цртање на македонскиот јазик и во склоп на тој проект се негува македонскиот јазик и општо нашите автори каде што уметници како мене и други останати преку визуелната уметност го нагласуваат нашиот јазик како може тој да се негува во контекстот на уметноста и како може да се развие поголема свест за тоа и кое богатство е само по себе нашиот јазик. Бидејќи ние работиме заедно со домот за култура „Марко Цепенков“ поради тоа го избравме и Марко Цепенков. Бидејќи после едно долго истражување пред да почнеме на овој проект Марко Цепенков има цитати негови кои што се безвременски и многу јасно и чисто, директно колерират со нашето опшстетсво до ден денес. Во секакви можни социолошки контексти и затоа ни беше интересно да избереме да работиме еден негов цитат. Цитатот кој го избравме покрај многуте негови ни беше „Правината се танчи, ама не се кинит“. Поради тоа што ни се доапаѓаше идејата дека самиот проект сакав да биде активистички наслонет и токму правдината е земена како концепт каде што таа е флексибилна и да се истанчи метафорички кажано таа никогаш комплетно не е уништена туку таа се прилагодува за да може да успее да донесе правда на различни ентитети во нашето опшстетсво“, изјави Ивана Самандова, визуелна уметница, автор на проектот.

Освен Ивана Самандова во цртањето на муралорт учествуваа и двајца прилепски уметници Александар Џинго и Методи Исков. Проектот е и во соработка со Организацијата Факултет за работи што не се учат, а целта е прикажување на   заедништвото во нашето општество и како тоа треба да се негува и да си помагаме еден на друг.

„Исто така со Организацијата Факултет за работи што не се учат со нив работиме од месец март на повеќе мурали кои се во контекст на ова. Од наши македонски автори земаме некој нивни активистички цитат кој што е во склоп на заедништвото и солидарноста во едно опшстество. Затоа што сакаме токму тој момент да го назначиме. Бидејќи и ние како уметници кога истражуваме сфативме дека на на народот му треба заедништво, разбирање, толеранција на нашите различности, така што оваа серија на муралу, вклучувајќи го и овој, некако ги пренасочивме во тој конктекст за да се насочиме на нашата солидарност и да со помагаме едмни на други и така што за овој мурал заедно со Методи Исков и Александар Џинго успеавме да го реализираме. И беше супер соработка и муи беше мило што можев да вклучам и локални уметници“, додаде Самандова.

Освен во Прилеп преку овој проект е предвидено вакви мурали да има уште 3, од кои 2 ќе бидат Скопје и еден во Кичево.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи