Кандидатката за пратеник на НСДП и коалицијата во изборната единица четири г-ѓа Соња Мираковска, денес беше во Прилеп каде на низа средби со граѓани ја образложи програмата на НСДП и коалицијата и начинот на кој таа и пратениците од оваа изборна единица ќе работат.
Мираковска рече дека од стотиците средби кои ги имала до сега, граѓаните јасно бараат полесен пристап до пратениците и слух за нивните барања, кои потоа ќе се преточат во конректни политики.
„Оние кои ги претставуваме треба да бидат директно вклучени и слушнати во процесот на креирање на политики“ – истакна Мираковска.
Исто така кажа дека во моментов во Прилеп во тек е изградба на социјална зграда со вкупно 62 станови за лица од социјален ризик и други ранливи категории како деца без родители, самохрани родители и др. Инвестиција на владата на Република Македонија и CEB банката при советот на Европа од 110.000.000 денари со кои ќе им се помогни на ранливите категории да го решат своето станбено прашање.
Исто така беше одржана и средба со пензионерите и младите од општина Кривогаштани и сите се согласни дека Македонија нема друга алтернатива и друг пат освен европскиот.
Граѓаните на градот Херој Прилеп сакаат европска иднина, европски стандард, повисоки плати и пензии. Затоа на 8 Мај ќе заокружат број 1 за европска Македонија.