ВИДЕО-Златески: По 1 денар од секој литар дизел гориво за спортот, зголемување на државното инвестирање во спортска инфраструктура


ВМРО-ДПМНЕ на претстојните парламентарни избори кои ќе се одржат на 8-ми мај, настапува со сериозна програма насловена како Платформа 1198,  со многу мерки и проекти, кои произлегуваат од вас граѓаните, чии потреби и проблеми ги слушавме и анализиравме изминатите години, истакна на денешната прес конференција Никола Златески, кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ4.

„Во фокусот на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде спортот, грижата за спортските работници и грижата за младите. Ќе издвоиме по 1 денар од секој литар наточено дизел гориво кое директно ќе биде наменето за спортот. На годишно ниво со овој износ на средства ќе се обезбеди зголемување на државното инвестирање во спортска инфраструктура, поддршка на професионалниот и масовен спорт, континуирана едукација на наставниот кадар во училиштата и спортските работници и вложување во науката за спорт и младите.

Во текот на мандатот се обврзуваме да изградиме национален спортски центар кој ќе опфаќа фудбалски стадион, изградба на голема спортска сала и повеќе помали сали согласно со потребите на колективните и индивидуалните спортови, административен простор за спортски федерации во соодветни капацитети, конференциски сали, фитнес сали и спортски музеј.

За оние деца кои се талентирани, а чии семејства немаат доволно финансиски средства, државата ќе субвенционира месечна членарина во спортските клубови.

Агенцијата за млади и спорт ќе се трансформира и ќе прерасне во посебно министерство за спорт. Во рамки на Министерството се предвидеува посебен сектор за управување со спортска инфраструктура за сите државни спортски објекти да бидат под надлежност на Министерството.

За сите спортисти кои ќе докажат дека во минатото биле професионални спортисти, ќе овозможиме под одредени услови да го откупат стажот за да остварат право на пензија. За оние кои се активни спортисти во овој момент, ќе разгледаме различни модули за уплаќање на надоместоците за пензиско осигурување.

За младите, ќе ја воспоставиме и подобриме мерката Купи куќа за млади, преку исплаќање на субвенции на месечна рата за изградба на куќа или исплаќање на субвенции за почетно учество при добивање кредит за изградба на куќа. Предвидуваме продажба на државно неизградено земјиште по повластена цена по квадратен метар. Ќе поддржиме енергетско ефикасно реновирање на домовите за млади, а врвен приоритет ќе ни биде создавањето на услови за намалување на листата на чекање за прием во детските градинки.

Почитувани овие проекти ќе ги реалозираме само ако заедно со вас на 8-ми мај излеземе да гласаме во што поголем број. Ве шовикувам да гласате за број 2 и да дадете поддршка за пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова. Број 2 за нови проекти, број 2 за горда Македонија“, додаде Златески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи