ВИДЕО – Николоски: Реконструкција на железничката пруга и воведување брза линија Прилеп-Битола, а понатаму и редовна линија Прилеп-Битола-Солун


Навистина е задоволство овој прекрасен неделен ден да се помине тука во Прилеп, заедно со прилепчани, на еден исклучително убав хепенинг, кој ретко се гледа во целата држава. И навистина сакам да и честитам на Општината и на сите кои го организираат. Се наоѓаме на Могилата на Непобедените многу симболично место, место кое актуелната власт на заминување на СДСМ и ДУИ би сакала да го заборави, да го избрише затоа што го потпишаа срамниот француски предлог со кој ја бришат македонската историја, култура и засебност. Но ова не може да се избрише и жртвите што паднале за слобода во Втората светска војна секако не можат да се избришат, изјави денеска во Прилеп, Александар Николоски носител на ИЕ4 од ВМРО-ДПМНЕ.


„Во следниот период очекуваме уште поголема мобилизација и уште поголема победа на вториот круг на претседателски избори и на парламентарните избори на 8 мај. Очекуваме најмногу гласови за ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ4 и најмногу пратеници кој што ќе овозможат стабилна Влада во која нема да бидат дел ниту СДСМ ниту ДУИ со цел да можеме да ги реализираме проектите кои ги ветуваме, а за Прилеп се бројни.

Во делот на инфраструктурата ветуваме завршување во 3 фази на експресниот пат Прилеп-Градско, до крајот на 2026 година. Потоа до крајот на мандатот изградба на обиколница околу Прилеп и изградба на автопатско решение Прилеп-Битола-граница со Грција. Понатаму планираме заживување не железничката линија помеѓу Прилеп и Битола, да се спојат двата града преку една брза линија, а понатаму да има и редовна линија Прилеп-Битола-Солун со целосна реконструкција на железничката линија.

Секако тука е и поддршката за решавање на инфраструктурните проекти во рамки на Општината преку средствата кои секоја година ќе ги добива секоја година кои ќе бидат околу 8 милиони евра годишно.

Тука се проектите за пензионерите, зголемување на пензиите за 5.000 денари уште во првата година. Проектите за најмладите каде што има директен поврат на средства за родена прво дете некаде околу 30 до 40.000 денари. За родено второ дете и до 100.000 денари и родено трето дете поврат на персоналниот данок додека детето не наполни 18 години што значи уште плата да влегува во семејствата.

Тука е и проектот „Купи или изгради куќа“ каде што до половина трошоците ќе ги покрива државата и бројни други проекти за кои ние потребна стабилна влада која што ќе го штити македонскиот национален интерес, ќе ја враќа македонската национална гордост, ќе воведува функционална правна држава, ќе се бори силно со организираниот криминал и корупција“, изјави Николоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи