ВИДЕО-Проданоски: Прилеп заслужува, има капацитет и вакви настани како „Пролетта ве мами на Могила во кани“ ќе има се почесто


Почитувани сограѓани еве од местото кое ја означува слободата на Прилеп, Могилата на Непобедените би сакал да изразам огромна честитка за сите граѓани кои учествуваат во овој настан под покровителство на локалната самоуправа и општествено одговорни компании под мотото „Пролетта ве мами на Могила во кани“, истакна Дејан Проданоски, кандидат за пратеник за ИЕ4 и претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

„Исклучителна бројка на наши сограѓани, исклучително среќни и весели лица овде на Могилата на Непобедените, уште еднаш благодарност до сите, до организацијата, до локалната самоуправа, до градоначалникот Борче Јовчески кој што сите заедно го организиравме овој настан, Од сите коментари кои ги добивме денеска е дека вакви настани треба и во иднина да се организираат овде во нашиот град, за тоа што Прилеп заслужува, има капацитет ова да го направи и нашите граѓани мора да ги видиме повторно среќни и весели како што денеска ги гледаме.

Сите категории граѓани од 7 до 77 најдоа интересна содржина овде на Могилата да се забавуваат и да го прослават овој голем христијански празник кој е предвечерие на најголемиот ден на христијаните, Воскресението Христово или Велигден“, изјави Проданоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи