Локалните медиуми се зајакнуваат со нов ИТ центар за соработка

Креиран e центар за соработка од две локални радија и портал на невладина организација со цел обединување и зајакнување на новинарскатa соработка. Со заеднички напори двата комерцијални медиуми – двете локални радија: Радио Пела и невладината организација Новинари за човекови права, креираа нов висококвалитетен мултимедијален новинарски интернет простор – ИТ платформа која што обработува теми и прашања од локалните заедници, истражувачки стории,  користејќи интерактивни алатки за доближување до публиката. Заедничкиот ИТ генератор на новинарските содржини www.novo.org.mk ги обединува новинарските редакции и ги заврстува гласовите и на новинарите и на јавноста.  Интерактивниот ИТ центар покрај  на македонски јазик содржините ќе може да се следат и на англиски, српски и на албански јазик.

„ИТ платформата, (онлајн медиумскиот центар) вклучува употреба на иновативни алатки за  двонасочна комуникација со граѓаните, гледачите, слушателите и читателите на медиумите од интерес на заедниците во прилепска Пелагонија, Источниот регион – Кочани и Скопје.  Планирана е реализација на обуки за медиумските работници за обработка на специфични теми, употреба на современи алатки и начини, за креирање на квалитетни новинарски содржини од интерес на различните локални заедници. Главната цел е доближување на малите локални медиуми до граѓаните, но и проширување на мрежата од новинари и медиуми кои би биле дел од едно поголемо медиумско јадро,“ вели Гордана Цветаноска од Радио Пела.

Проектот „Зајакнување на гласовите, колаборативен центар за квалитетно новинарство во Северна Македонија“ во рамките на програмата “Sustain Media – Support to Media Freedom and Pluralism in the Western Balkans”е финансиран од ГИЗ (Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit -Германско друштво за меѓународна соработка), ЕУ, во соработка со Internews и DW Akademie.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи