ВИДЕО – Во прилепските цркви се одржа традиционалната хуманитарна Велигденска акција


Неформалната хуманитарна организација од Прилеп, Св. Никодим Тисмански и Прилепски, ја одржа традиционалната хуманитарна Велигденска акција. Во изминатава една недела во 4-те цркви во градот се собираа средства како донации со кои потоа се купија намирници, храна и хемиски средтсва кои ќе се поделат на 140 социјално загрозени фамилии во Прилеп и околните населени места.

Имаме некаде околу 20тина кои живеат сами, нив ќе ги опфатиме после оваа акција, веројатно утре или другиден со купување на некои намирници кои можат тие да ги искористат, бидејќи голем дел од нив немаат ни струја, ни фрижидери да ги чуваат овие намирници кои се во пакетите.  Производи кои можат да си ги искористат најдобро, обично се средства за прехрана“, изјави Драган Џокоски, хуманитарна организација од Прилеп, Св. Никодим Тисмански и Прилепски.

Во акцијата со свои донации учествувале хумани граѓани, бизнис секторот од градот и МПЦ.

Донаторот сака да остане анонимен, нема да го спомнам неговото име, контактиравме само по вибер, донираше 2.000 евра за да им дадеме на секое од овие семејства. 140 пакети беа во прашање, но одлучивме сите тие 160 да ги опфатиме со по еден килограм јагнешко месо, малку беше потешко за организација бидејќи имавме многу помалку време, но тоа јагнешко месо е спакувано во 160 пакети по еден килограм. Замрзнато е пред некој ден и утре здравје Господ ќе им го поделиме на сите оние кои ќе дојдат да си ги подигнат пакетите и оние кои ќе бидат сами посетени, ќе добијат и тие по едно такво пакетче со килограм јагнешко месо, за да имаат да постават на велигденската трпеза, нормално како што е традицијата“, додаде Џокоски.

Вакви акции се организираат 2 пати годишно во Прилеп, за Божик и Велигден, но оваа хуманитарна организација преку целата година донира средства на сите оние на кои тие им требаат за најразлични работи.

Оваа хуманитарна организација преку цела година собира парични средства во оваа кутија која е поставена во Св. Благовештение и помага на сите оние на кои им е неопходно, најмногу на болни дечиња кои имаат потреба од итна операција. Учествуваме буквално во цела Македонија, по повиците кои ги гледаме по социјалните мрежи, контактираме и учествуваме и со парични средства. Ја во глобала сум задоволен од она кое го имавме на почетокот пред 17-18 години, кога почнавме со 30 и 26 пакети, до она кое сега стасавме, значи 140-160 семејства во текот на годината со 2 вакви пакети. Сепак ќе кажам дека не е само ова, оваа хуманитарна организација со оваа донација која ја имаме преку цела година, се залага да помогни на овие семејства кои имаат потреба од финансии“, потенцираше Џокоски.

Пакетите на семејствата ќе им бидат бесплатно однесени до нивните домови од една такси компанија во Прилеп која на ваков начин учествува во оваа акција.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи