ВИДЕО – Талевски: Заканите за блокада на европскиот пат се реална опасност по иднината на државата

Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на Македонија. Блокадата на нашата држава од една страна и внатрешните поделби од друга страна, ќе предизвикаат огромна штета за иднината на државата. Тоа е клучната опасност од доаѓање на власт на ДПМНЕ и режимот во најава, изјави на денешната прес конференција Миле Талевски, кандидат за пратеник на СДСМ и Коалицијата во ИЕ 4.


Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

„На овие избори СДСМ ја плаќа цената на тешките одлуки, но тоа не смее да не’ одврати од идејата за прогрес.

Македонија мора да биде европска земја, бидејќи не постои друг начин да се направи суштинска промена дома.

Нашите граѓани мора да имаат подобар стандард, подобро здравство, образование, владеење на правото. Цели 30 години се обидуваме сами да го направиме тоа, но без успех.

Граѓаните кои на 8 мај ќе излезат на гласање, мора да имаат предвид дека иднината на земјата е под сериозна закана.

Сите знаеме како изгледа владеење на режимот: масовно прислушување, судии бирани од тефтерчиња, нарачани лустрации, апсење на новинари, тепање на студенти, пљачка на државниот буџет, тргување со националните интереси, меѓународна изолација на државата.

Ако десничарската ДПМНЕ добие моќ, многу извесно е дека ќе се соочиме со крај на нашата европска перспектива, крај на независните медиуми, крај на надежта за независно судство и правда за сите. Тензиите во државата ќе станат наше секојдневие.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е силна партија, единствен наследник на НОБ, партија која е подготвена да се бори за иднината на граѓаните и државата.

Во пресрет на вториот изборен круг, СДСМ повикува на мобилизација на демократскиот блок околу идејата за прогрес и европски вредности. Лесно е да си против своите, но тоа не е излезот. Наместо тоа, сите заедно треба да сме против ДПМНЕ, единствениот противник на прогресот во државата.

На 8 мај мора масовно да се излезе на избирачките места и да се гласа ЗА конкретна идеја. Казнувањето на одредена партија со гласањето против ќе даде краткорочен ефект, но ќе има долгорочни последици за иднината Македонија.

Македонија конечно треба да гласа ЗА прогрес!“, рече Талевски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи