Од самото раѓање се соочуваме со потешкотии при неговиот развој, нашата голгота започнува веднаш после породувањето, раскажуваат родителите на малиот Стефан
„Одевме во Скопје на редовни контроли и на 7 месеци откривме дека има проблем, односно Церебрална парализа или поточно хемипареза на десната страна. Но,сега после 12 години најдовме една клиника во соседна Србија-Ниш која ни ветува и кажува дека може да живее и функционира Стефан како секое нормално дете. Тоа е една физикална рехабилитација која е премногу скапа за нас и чини 17.000 евра кои ние ги немаме. Затоа бараме помош од вас хумани луѓе да ни помогнете Стефан да има тинејџерство и живот понатаму какои сите деца на негова возраст!“, повикуваат родителите на Стефан.