Мои драги сограѓани, Ви го честитам 1-ви Мај Меѓународниот ден на трудот. Денес посебно ја истакнувам мојата поддршка за остварување на законските права кои што им следуваат на сите работници. Без работниците нема силна економија!
Локалната самоуправа на Општина Прилеп секогаш ќе биде на страната на работниците и почитување на нивниот труд и заштита на нивните права. Работникот мора да биде достоинствено вреднуван како што доликува.
Ги повикувам сите работодавци во општина Прилеп да ги применуваат законските регулативи со цел да им ги овозможат потребните услови за работа на работниците.
Ви посакувам убави празнични денови со вашите најмили! Нека е честит 1-ви Мај, Меѓународниот ден на трудот!
Градоначалник на општина Прилеп, Борче Јовчески.