Oпожарени 2 патнички електрични возила во кругот на Автобуската станица – Прилеп



На 01.05 2024 во 02.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во кругот на Автобуската станица во Прилеп, на бул. „Гоце Делчев“, биле опожарени две патнички електрични возила со прилепски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма, информираат од СВР Битола.

„Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Прилеп. Увид извршила увидната екипа на ОВР Прилеп“, додаваат од полицијата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи