ВИДЕО – Кузманоска: Посебниот додаток за деца со попреченост до 26 гoдини ќе се зголемува секоја година согласно трошоците на живот


Како кандидати за пратеници денес остваривме средба со претставници на здруженијата на лица со попреченост во Прилеп. Ги слушнавме проблемите со кои тие се соочуваат и ги промовиравме мерките кои ВМРО – ДПМНЕ ќе ги спроведе во наредните 4 години. Се обврзуваме, посебниот додаток кој го остваруваат деца со попреченост до 26 гoдини да го зголемуваме секоја година од мандатот согласно со порастот на трошоците на живот, истакна Билјана Кузманоска, кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Почитувани сограѓани,
Како кандидати за пратеници денес остваривме средба со претставници на здруженијата на лица со попреченост во Прилеп.
Ги слушнавме проблемите со кои тие се соочуваат и ги промовиравме мерките кои ВМРО – ДПМНЕ ќе ги спроведе во наредните 4 години.
Се обврзуваме, посебниот додаток кој го остваруваат деца со попреченост до 26 гoдини да го зголемуваме секоја година од мандатот согласно со порастот на трошоците на живот.
Предвидуваме и зголемување на бројот на згрижувачки семејства со зголемување на надоместокот до 20% за згрижено дете.

Фокусот на програмата за социјална заштита ќе биде борба против сиромаштијата преку сеопфатни економски и социјални политики и целосна вклученост на лицата со
попреченост.
• Зголемување на гарантирана минимална помош за 10%;
• Зголемување на посебен додаток за 30%;
• Зголемување на парична помош за квадриплегија за 50%;
• Зголемување на парична помош за потполно глуви лица за 20%;
• Зголемување на правото на надоместок на плата за скратено работно време за родители поради нега на дете или лице со телесна попреченост или ментална попреченост и најтешки хронични заболувања за 30%.
Ќе воведеме и ново право на парична помош на лицата без горни екстремитети.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе воведе можност за еднонеделна бањска терапија со полн пансион за лицата со попреченост во домашните бањски капацитети.
Ќе предвидиме програма за вработување на најмалку едно лице со попреченост во сите јавни институции со над 50 вработени.
Посебни програми за лицата со попречености што ќе започнат сопствен бизнис.
Програма за вработување на деца без родители и родителска
грижа по наполнување на 18 години.

Идната влада на ВМРО ДПМНЕ ќе обезбеди зголемена поддршка за секое новородено дете и неговите родители.
• Еднократна финансиска помош од 250 евра за првородено дете (двојно зголемување во однос на моменталните 8 000 денари);
• Еднократна финансиска помош од 500 евра за второродено дете (драстично зголемување во однос на моменталните 20 000 денари);
• Еднократна финансиска помош од 750 евра за близнаци, третородено и секое наредно родено дете.
Идната влада на ВМРО ДПМНЕ ќе обезбеди финансиска поддршка за мајките.
По завршување на породилното отсуство и тоа:
• една година поврат на уплатен данок на личен доход за првородено дете;
• две години поврат на уплатен данок на личен доход за второродено дете;
• поврат на уплатен данок на личен доход за третородено и секое следно родено дете, кој ќе трае до полнолетството на првороденото дете.
За фирмите кои ќе вработат мајки на три или повеќе деца
предвидуваме ослободување од плаќање на придонеси од задолжително здравствено и осигурување во случај на невработеност, како и данок на личен доход во период од три
години сметано од денот на вработувањето, со обврска работодавачот мајката да ја задржи на работно место онолку години колку што се користи мерката.
За да ги спроведеме овие мерки и проекти ве повикуваме на 8-ми мај да ни дадете поддршка со масовна излезеност и заокружување на бр. 2 на гласачкото ливче за пратеничката листа на ВМРО – ДПМНЕ и бр. 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател на Македонија.

Posted by ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп on Четврток, 2 мај 2024


„Предвидуваме и зголемување на бројот на згрижувачки семејства со зголемување на надоместокот до 20% за згрижено дете. Фокусот на програмата за социјална заштита ќе биде борба против сиромаштијата преку сеопфатни економски и социјални политики и целосна вклученост на лицата со попреченост.

  • Зголемување на гарантирана минимална помош за 10%;
    • Зголемување на посебен додаток за 30%;
    • Зголемување на парична помош за квадриплегија за 50%;
    • Зголемување на парична помош за потполно глуви лица за 20%;
    • Зголемување на правото на надоместок на плата за скратено работно време за родители поради нега на дете или лице со телесна попреченост или ментална попреченост и најтешки хронични заболувања за 30%.

Ќе воведеме и ново право на парична помош на лицата без горни екстремитети. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе воведе можност за еднонеделна бањска терапија со полн пансион за лицата со попреченост во домашните бањски капацитети. Ќе предвидиме програма за вработување на најмалку едно лице со попреченост во сите јавни институции со над 50 вработени.

Посебни програми за лицата со попречености што ќе започнат сопствен бизнис. Програма за вработување на деца без родители и родителска грижа по наполнување на 18 години.
Идната влада на ВМРО ДПМНЕ ќе обезбеди зголемена поддршка за секое новородено дете и неговите родители.

  • Еднократна финансиска помош од 250 евра за првородено дете (двојно зголемување во однос на моменталните 8 000 денари);
    • Еднократна финансиска помош од 500 евра за второродено дете (драстично зголемување во однос на моменталните 20 000 денари);
    • Еднократна финансиска помош од 750 евра за близнаци, третородено и секое наредно родено дете.

Идната влада на ВМРО ДПМНЕ ќе обезбеди финансиска поддршка за мајките. По завршување на породилното отсуство и тоа:

  • една година поврат на уплатен данок на личен доход за првородено дете;
    • две години поврат на уплатен данок на личен доход за второродено дете;
    • поврат на уплатен данок на личен доход за третородено и секое следно родено дете, кој ќе трае до полнолетството на првороденото дете.

За фирмите кои ќе вработат мајки на три или повеќе деца предвидуваме ослободување од плаќање на придонеси од задолжително здравствено и осигурување во случај на невработеност, како и данок на личен доход во период од три години сметано од денот на вработувањето, со обврска работодавачот мајката да ја задржи на работно место онолку години колку што се користи мерката. За да ги спроведеме овие мерки и проекти ве повикуваме на 8-ми мај да ни дадете поддршка со масовна излезеност и заокружување на бр. 2 на гласачкото ливче за пратеничката листа на ВМРО – ДПМНЕ и бр. 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател на Македонија“, истакна Кузманоска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи