Фудбалерите на ФК Победа до 15 години ќе учествуваат на престижниот меѓународен турнир ИСФ КУП ЗЛАТИБОР 2024

Фудбалерите на ФК Победа, генерација У15 (до 15 год.), утрово заминаа на престижен меѓународен турнир на Златибор ИСФ КУП ЗЛАТИБОР 2024. под водство на тренерот и координаторот на младинската школа Кирил Овезоски.

Ова е одлична прилика за нашите млади надежи и нашиот клуб ФК Победа да се претстават во вистинско фудбалско светло и да покажат какви таленти се создваат во најфудбалскиот град во Македонија, Прилеп.

Турнирот ќе се одржи 03.-04. мај 2024.год. На турнирот учество ќе земат 16 екипи од Македонија, Србија, Романија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Нашата екипа ќе игра во најсилната група Ц со екипите на ФК Црвена Звезда (Срб),  ФК Ком (ЦГ) и ФК Софекс (Срб).

На 03.мај се играат првите натпревари:

09:30ч. ФК Победа- ФК Ком

11:45ч. ФК Ц.Звезда-ФК Победа

16:15ч. ФК Софекс- ФК Победа.

Наредниот ден се играат утакмиците за пласмани.

Од Македонија, покрај ФК Победа, ќе учествуваат уште ФК Македонија Ѓ. Петров, ФК Воска и ФК Њу Старс.

На нашите млади фудбалски надежи, им посакуваме многу успех, да не претстават во вистинско фудбалско светло и се надеваме да се вратат со пехар.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи