Наш гостин е Сашко Јанчев, носител на ИЕ4 од партијата Левица. Јанчев одговара на прашањата дали смета дека Македонија би имала реперкусии доколку се спроведе поништувањето на Охридскиот, Бугарскиот и Преспанскиот договор, како и излезот од НАТО. Дали се подготвени за влез во Влада да направат некои отстапки од т.н. Македонска платформа што ја понудија. Јанчев зборува и за отворање на државни претпријатија во сите економски гранки кои би го диктирале пазарот и цените, како и враќање на социјалистичкиот систем по македонски терк. Многу повеќе околу програмата на Левица и во кој правец планираат да се развива државата погледнете во интервјуто.