Апасиев: Повеќе пратеници за Левица за одбрана на македонските интереси

Лидерот на партијата „Левица“ Димитар Апасиев денеска во Крушево изјави дека претстојните избори се клучни за државата и дека граѓаните треба да го дадат гласот за промакедонската платформа.

„На граѓаните би им порачал на овие избори да не си го фрлаат гласот за тиранска и софиска платформа, туку да гласаат за единствената промакедонска платформа, а тоа е платформата на Левица. Ние со двајца пратеници успеавме да спречиме многу штетни политики и мислам дека имаме лице да бараме повторно од граѓаните, и тоа двоцифрен број пратеници. Сметаме дека со тоа ќе спречиме уште штетни политики и би сакал да нагласам дека овие избори се клучни избори за иднината на Македонија. Што поголем број пратеници на Левица значат помалку штета за државата и за сите белези на државата, затоа што од една страна се заканува процес на комплетна косоваризација на државата, а од друга страна процес на бугаризација, така што памет во глава за кого ќе гласате и препорачувам да заокружите 5“, рече Апасиев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи