ВИДЕО – Кузманоска: Предучилишното образование да стане потсистем на образовниот систем

Идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во своето работење, особено внимание ќе посвети на образованието, затоа што квалитетното образование е најголема инвестиција во иднината на Република Македонија. Во нашата програма предвидуваме предучилишното образование да стане потсистем на образовниот систем бидејќи има значајно влијание врз развојот на децата и нивната подготовка за основно образование, изјави на денешната прес конференција кандидатот за пратеник Билјана Кузманоска.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

Почитувани,
Идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во своето работење, особено внимание ќе посвети на образованието, затоа што квалитетното образование е најголема инвестиција во иднината на Република Македонија. Во нашата програма предвидуваме предучилишното образование да стане потсистем на образовниот систем бидејќи има значајно влијание врз развојот на децата и нивната подготовка за основно образование.
Ќе воведеме настава во една смена и продолжен престој за сите ученици. Недостатокот на учебници претставува голем проблем па токму затоа се обврзуваме во учебната 2025/2026 година, секој ученик да има учебник по секој предмет, како во основното, така и во средното образование.
Ќе направиме целосна ревизија на концепцијата за основно образование. Преку јавна расправа со наставниците, родителите и директорите во сите региони ќе извршиме целосна ревизија на концептот, така што особен акцент ќе се стави на предметите од национално значење како македонскиот јазик, историја, географија, музичката и ликовната уметност, а ќе посветиме особено внимание и на дигиталната писменост кај младите.
. Ќе инвестираме и во училиштата и во студентските домови.
Ова се само мал дел од многуте проекти во образованието кои ги нуди програмата насловена како Платформа 1198. Затоа ве повикувам на 8-ми мај, да дадете масовна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и број 2 за листата на пратеници, како и број 2 за професорката Гордана Силјановска Давкова, која ќе биде идниот претседател на Република Македонија. Излезете во што е можно поголем број и гласајте за промени, гласајте за Македонија да биде повторно горда.

Posted by ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп on Saturday, May 4, 2024

„Ќе воведеме настава во една смена и продолжен престој за сите ученици. Недостатокот на учебници претставува голем проблем па токму затоа се обврзуваме во учебната 2025/2026 година, секој ученик да има учебник по секој предмет, како во основното, така и во средното образование.

Ќе направиме целосна ревизија на концепцијата за основно образование. Преку јавна расправа со наставниците, родителите и директорите во сите региони ќе извршиме целосна ревизија на концептот, така што особен акцент ќе се стави на предметите од национално значење како македонскиот јазик, историја, географија, музичката и ликовната уметност, а ќе посветиме особено внимание и на дигиталната писменост кај младите.

Ќе инвестираме и во училиштата и во студентските домови.

Ова се само мал дел од многуте проекти во образованието кои ги нуди програмата насловена како Платформа 1198. Затоа ве повикувам на 8-ми мај, да дадете масовна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и број 2 за листата на пратеници, како и број 2 за професорката Гордана Силјановска Давкова, која ќе биде идниот претседател на Република Македонија. Излезете во што е можно поголем број и гласајте за промени, гласајте за Македонија да биде повторно горда“, рече Кузманоска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи