ВИДЕО – Проданоски: На 8-ми мај победата мора да е уште поголема, мора да е двојна!

На 24-ти април, преку масовна поддршка за професорката Гордана Силјановска Давкова, испративте јасна порака за тоа во која насока сакате да се движи Република Македонија, изјави на денешната прес конференција кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Проданоски.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

Почитувани сограѓани,
На 24-ти април, преку масовна поддршка за професорката Гордана Силјановска Давкова, испративте јасна порака за тоа во која насока сакате да се движи Република Македонија.
Времето на безредието и хаосот сите заедно сме решени дека завршува.Одбројуваме само уште неколку дена, кога токму вие граѓаните, конечно ќе ставите крај на владеењето на СДС и ДУИ. Доста е од скандали и афери, доста е од грабеж и богатење на поединци блиски до власта, доста е од национални предавства и понижувања. Се’ што допреа уништија!
Победата од преку 180 000 гласови разлика во првиот круг на професорката Гордана Силјановска Давкова, е само предвесник на промените кои со сигурност доаѓаат. Нема назад.
На 8-ми мај мора победата да е уште поголема. Победата да биде двојна. Конечно на чело на државата да застанат вистински луѓе со знаење и кредибилитет, кои ќе работат исклучиво во интерес на граѓаните. Ве уверувам, Македонија ќе биде повторно горда.
Драги прилепчани, чест ми е да ве поканам да присуствувате на завршниот, сенароден митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кој ќе се одржи во понеделник, со почеток од 20 часот, на плоштадот Методија Андонов Ченто. Да излеземе во уште поголем број и да дадеме поддршка за кандидатите за пратеници од нашиот град. Да ги слушнете пораките кои ќе ги упатат до вас..
Прилеп бил и ќе биде градот херој, предвесник на новите промени!
Во среда излезете масовно и заокружете број 2 за листата на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и број 2 за Гордана Силјановска Давкова, идниот претседател на државата.

Posted by ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп on Saturday, May 4, 2024

„Времето на безредието и хаосот сите заедно сме решени дека завршува.Одбројуваме само уште неколку дена, кога токму вие граѓаните, конечно ќе ставите крај на владеењето на СДС и ДУИ. Доста е од скандали и афери, доста е од грабеж и богатење на поединци блиски до власта, доста е од национални предавства и понижувања. Се’ што допреа уништија!

Победата од преку 180.000 гласови разлика во првиот круг на професорката Гордана Силјановска Давкова, е само предвесник на промените кои со сигурност доаѓаат. Нема назад.

На 8-ми мај мора победата да е уште поголема. Победата да биде двојна. Конечно на чело на државата да застанат вистински луѓе со знаење и кредибилитет, кои ќе работат исклучиво во интерес на граѓаните. Ве уверувам, Македонија ќе биде повторно горда.

Драги прилепчани, чест ми е да ве поканам да присуствувате на завршниот, сенароден митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кој ќе се одржи во понеделник, со почеток од 20 часот, на плоштадот Методија Андонов Ченто. Да излеземе во уште поголем број и да дадеме поддршка за кандидатите за пратеници од нашиот град. Да ги слушнете пораките кои ќе ги упатат до вас..

Прилеп бил и ќе биде градот херој, предвесник на новите промени!

Во среда излезете масовно и заокружете број 2 за листата на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и број 2 за Гордана Силјановска Давкова, идниот претседател на државата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи