ВИДЕО – Прилепскиот шарпланинец Љубо освои прво место на Светското првенство


Прилепскиот шарпланинец Љубо од  одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа во Хрватска. Љубо е стар 3 години и ова е негова прва толку висока награда. Годинава имало голема и силна конкуренција, наградата Љубо ја освоил помеѓу 41 шарпланинец кои се бореле за оваа титула.


Прво, пред се треба да има генетски предиспозиции, да е роден за изложба, да ја сака изложбата, затоа што многу често кучиња кои се стварно добри и карактерно и се едноставно не сакаат да учествуваат на изложба, самото куче не е проводливо. Бара посветеност, бара внимание, бара физички тренинзи, ние одгледувачите често знаеме да употребиме и психички подготовки на кучето, значи не е сеедно куче чувано во двор, во планина кога ти го внесуваш во сала каде има над 10.000 кучиња, луѓе, ехо, озвучување и слично. Кога некое куче ќе одредиме дека можеби ќе биде добро за изложби, ние од најраните класи, од папи класата почнуваме да го носиме на секаков вид на изложби“, истакна Александар Каравилоски, сопственик на шарпланинецот Љубо.

Инаку за Каравилоски ова не е прва ваква голема награда. Тие со своите шарпланинци од 2013 година до денес имаат бројни успеси како на европско така и на светско ниво.

Во 2013 година куче од нашата одгледувачница беше победник во Женева на Европско првенство, млад европски првак. Во 2014 истото куче беше европски првак и се стекна со титулата Европски победник БОБ во Брно. Во 2015 исто учествувавме на светски натпревар во Милано, каде истото куче беше трето место, а имавме женка млад светски првак. Во 2017 ја освоивме титулата Светски првак, ова е потомок од легендарниот наш пес Дичо, кој се надеваме дека ќе ги повтори успесите“, додаде Каравилоски.

Каравилоски истакнаа голема благодарност до Кинолошкиот Сојуз на Македонија и Кинолошкото друштво Прилеп за помошта за учество на ова првенство. Инаку сега бил формиран и кинолошки клуб „Шарпланинец“ на ниво на Македонија кој ќе се грижи повеќе околу оваа македонскат раса на кучиња. А на 19 мај во Крушево ќе се одржи и Светско првенство за шарпланинци.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи