Над 250 деца се причестија на Божествената Воскресна Литургија во храмот Св. Петка


И оваа година како минатата, традиционално по втор пат се отслужи Божествена Воскресна Литургија во храмот на Св. Маченица Петка Римјанка во Прилеп.

Чест и задоволство ми беше што бев дел од едно торжество кое најавтентично може да се доживее на еден од најголемите празник над празниците, кој го славиме православните христијани, во кој ја славиме победата на Животот над смртта, Воскресението на нашиот Господ Исус Христос, Великиот празник Велигден.

Во храмот посветен на преподобната наша мајка Света Петка Прилеп во кој зедоа учество, влегоа и нас останатите возрасни ни го донесоа духовниот Рај, Царството Небесно овде на земјата повеќе од 250 младенци (деца) со нивните гласни молитви, кои со сиот свој глас викаа : Христос Воскресна, Навистина Воскресна!

 

Солзи радосни се покажаа кај секого од нас и никој не остана рамнодушен на таквата глетка. Свештеникот кога застана пред нив и им го проповедаше словото за воскресението на нашиот Господ и Спасител, младенците со големо внимание го слушаа и учествуваа, духовно јадејќи од спасоносното слово. За втор пат во нашиот град се случи оваа торжествена тајна, на Царството Небесно преку молитвите на децата, Господ да благослови сите да го почувствуваме делчето од духовниот Рај, нашата вечна татковина. И на крајот се причестија сите над 250 деца. Овој настан е пример за тоа како црквата внимателно и со љубов преку благодатта и застапништвото на Светиот Дух, го полага во душите наши уште од најмала возраст духот на вистината, на премудроста и на спасението.

 

Голема благодарност до старешината на храмот света Петка, протоереј Љупче Петрески, кој несебично се вложи и го направи ова големо торжество заедно со свештенослужителите на храмот заедно со одборот, кој ми ја даде честа да и јас преку певницата да земам дел и да го почувствувам духовниот Рај. Се надевам дека ваквото празнување на Празникот над празниците ќе прерасне во секојдневие, односно не само еднаш во годината туку и на секоја неделна воскресна богослужба. Слава на Бога во висините и на земјата мир, меѓу луѓето добра волја.

Христос Воскресна, Навистина Воскресна. За многу години!

Автор: Чтец Андреј Иваноски.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи