ВИДЕО – Проданоски: Да излеземе масовно и на 8 мај да го зададеме последниот удар на безредието и хаосот во Македонија


Од срцето на македонштината, од Прилеп, би сакал да ве поканам вечерва на најголемиот сенароден собир, митинг на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, со почеток во 20:30 часот, конечно да ги слушнете од раководството на партијата и идни лидери на државата пораките кои ќе ги испратат до вас и повикот да излеземе што е можно помасовно на изборите на 8 мај, да го зададеме последниот удар на безредието и хаосот кој ни се случува во последниве 7 години, а предводен од коалицијата СДСМ и ДУИ и да ставиме крај на патеката надолна по која ни се движи Македонија, изјави денеска Дејан Проданоски, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп и кандидат за пратеник.

„Би сакал да ви порачам да бидете на висина на задачата, недоразбирања кон нас, сегашните и минатите функционери секогаш имало, но сега е време за обединување, сега е време да се заокружи број 2 и да се даде поддршка на најголемата политичка опција и на единствената опција која може Македонија да ја врати на вистинските патеки, да ја врати на економскиот раст, да ја врати на висина на задачата, да биде образованието во првите 2.000 на Шангајската листа, да го вратиме здравството онака како што заслужува да биде во интерес на граѓаните, да се грижи за нивното здравје итн.

Во секоја сфера преку Платформата 1.198 нудиме работи кои треба да го поправат системот во кој живееме и на крајот на данот да ви го поправат квалитетот на живот кој го имате сега во моментот.

Очекувам ваша поддршка вечерва на митингот, очекувам огромна, масовна, референдумска излезност на 8 мај и заокружување на бројот 2, за нашата кандидатка за претседател професорката Гордана Силјановска Давкова и за идниот премиер на Република Македонија и за носителите на листите, особено за нашиот носител господинот Александар Николоски, кој што сум убеден ќе ја направи најголемата победа во изборната единица бр. 4“, истакна Николоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи