Сашко Јанчев: Само сериозна државна интервенција во земјоделието е спас за ИЕ4

Facebook
Twitter
Email
Print

Во Четвртата изборна единица се: Струмичко-радовишката, Гевгелиско-валандовската Котлина, Тиквешијата и голем дел од Пелагонија.  Имаме златно поле и штета е луѓето да имаат ваква дедовина, да имаат сè, а да го бараат спасот некаде во странство, истакна Сашко Јанчев, носител на листата за пратеници на Левица во ИЕ 4.

 „За тоа Левица во својата програма предвидува сериозна државна интервенција во земјоделието која се состои од:

– Разбивање на зелената мафија на прекупци;

– Планско производство на земјоделски производи со цел да нема вишоци и недостатоци на производи;

– Државни откупни центри;

– Државни ладилници од кои ќе се снабдуваат со храна градинки, училишта, болници, армијата;

– Стоковните резерви да се пополнуваат строго од домашно производство со однапред склучени договори со земјоделците и производителите;

– Аграрен максимум, односно забрана – малку луѓе да можат да го откупат целото земјоделско земјиште;

– Стимулирање задругарство…

Крајна цел ни е прво да произведеме храна за Македонија, а потоа државата да се вклучи во пронаоѓање пазари во странство.” истакна Јанчев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи