Денеска во Прилеп гласаат 455 болни и изнемоштените лица, 104 осуденици во затворот и 68 штитеници во Домот за стари лица. Она што може да се забележи е поголемата заинтгересираност на болните и изнемоштените, односно за разлика од првиот круг на претседателските избори кога за гласање беа пријавени 291 лице сега бројот на болни кои сакаат да гласаат е зголемен за плус 164 и изнесува 455.
„Правевме некоја анализа и со ДИК каде што утврдивме дека има луѓе кои во периодот помеѓу првиот и вториот круг на изборите се разболеле и се во домашно лекување и не можат да дојдат да гласаат на гласачките места и од таму е оваа разлика“, вели Валентин Божиноски, претседател на ОИК.
Бројот пак штитеници во Домот за старли лица е ист. Гласањето се одвива во мирна атмосфера.
„Исто као и претходните избори право на глас имаат 68 штитеници на овој старски дом од вкупно 21 општина. Гласањето се одвива нормално без никакви пречки. Отворено е гласачкото место во 07 часот“, истакна Магдалена Лазоска, претседател на ИМ 1419.
„Да, гласав и на првиот и на вториот круг сега“, вели еден штитеник.
„Очекуваме добро, да биде добро во цела држава за сите млади“, додаде друга штитеничка.
„Пензии да има поголеми очекуваме, условите тука во домовите да се подобрат“, кажа друг штитеник.
„Да ни се покачат пензии сакаме“, кажа друга штитеничка во домот.
„И ние исто ќе гласаме за оној кој што е подобар, ќе очекуваме такво нешто“, додаде друга штитеничка.
За разлика од првиот круг на претседателските избори поголема заинтересираност за гласање на болните и изнемоштените лица денеска има во скоро сите пелагониски општини, во Битола таа разлика е плус 84 лица, Долнени плус 47, во Кривогаштани ќе гласаат 15 болни повеќе, а во Демир Хисар разликата изнесува 41 болно и изнемоштено лице.