На 14 мај во 19:00ч во холот на СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп ќе се одржи промоција на новиот роман на Билјана Тинтоска, „Симфонија“. Промотор ќе биде Габриела Стојаноска Станоеска, рецензент Жанета Видевска, а модератор Лидија Ристеска. Ова е четврт по ред роман на Тинтоска. Освен нив има издадено и збирка подолги раскази.
Романот го допира и прашањето на поврзаноста на човекот со своите предци. Сите носиме духовно наследство од нашите предци. Лошото треба да го надминуваме и поправаме, а доброто треба да го надоградуваме. Човекот не почнува од нула. Овој роман е различен од другите нејзини романи.
Специфичен е по тематиката што ја обработува – како човекот се справува со болката заради загубата на блиските и како ја споделува радоста со другите. Романот е химна за крикот во болката, но и достоинствено ти носење на сопствениот крст, но и химна на смислата на животот и љубовта.
Љубителите на пишаната реч се се добредојдени на промоцијата!
200