Една година од услугата „Помош и нега во домот во општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени“


Денес, Здружението Центар за развој и едукација Прилеп одбележа една година од почетокот на воспоставување на социјалната услуга Помош и нега во домот на територијата на општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени, со поддршка на Проектот за подобрување на социјалните услуги на Министерството за труд и социјална политика поддржан од Светска Банка.

Примарната цел на услугата Помош и нега во домот е да овозможи квалитетна, професионална и достапна помош и поддршка од страна на обучени негователи за корисниците да ја вратат, стекнат или одржат способноста самите да се грижат за себе, за да продолжат да живеат во сопствениот дом и да водат независен живот во заедницата.

Здружението Центар за развој и едукација започна со обезбедување на услугата со 40 негуватели и 150 корисници, а како резултат на потребата од проширување на опсегот на корисници и задоволството на постоечките корисници, од февруари оваа година овозможено е проширување на услугата и моментално се вклучени 58 негуватели, 3 координатори на социјалната услга и се опфатени над 210 корисници.

 

Бенефитот од давањето на услугата е обостран како за корисниците кои добиваат индивидуализирана квалитетна услуга во нивните домови, така и за лицата кои се ангажираат како негуватели коишто се лица кои подолго време се отсутни од пазарот на трудот, тешко вработливи лица, лица коишто не го заокружиле своето образование на кои преку вклучување во програмата за спроведување на услугата помош и нега во домот им се овозможува да ја подобрат својата социо-економска положба преку работен ангажман.

Оваа услуга носи придобивки и за оштините Прилеп, Кривогаштани и Долнени промовирајќи ја улогата на општината во подобрување на социјалната и економската положба на своите жители и придонесот за градење на инклузивно општество каде секој еден е важен.

 

Вмрежувањето и заедничката соработка секогаш ни покажуваат дека заедно сме подобри и дека изградените партнерства помеѓу институциите и организациите носат поголеми придобивки за сите, а најмногу за граѓаните, и во иднина ќе се делува за проширување на видот на достапни социјални услуги како и згоелмување на опфатот на нивни корисници на територијата на трите вклучени општини.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи