ВИДЕО – Нов протест на жителите на прилепско Ореовец, бараат итно да прекине испопот за тампон на Бехтел и Енка над селото


Жителите на прилепско Ореовец денеска се собраа на нов протест против ископот на конзорциумот Бехтел и Енка кој од тука треба да користи градежен камен за делниците кои треба да ги гради Тетово- Гостивар- Букојчани, потоа Требеништа- Струга- Ќафасан како и автопатот Прилеп- Битола. Жителите се плашат дека со мининирањето ќе се уништат единствените 4 сопствени прилепски извори за вода. Остатокот на потребите за вода Прилеп ги задоволува од „Студенчица“ чиј извор е во Кичево. Минирањето се прави на само 200 метри од селото.

„Единствени 4 извори со своја вода за која од никого не зависиме се наоѓаат во оваа пазува на Бабуна планина. Односно во пределот на селото Ореовец, Крстец и Плетвар. Тоа е најгорливото прашање за нас како прилепчани, ни се загроизува едно егзистенционално прашање“, вели Ѓорѓи Георгиоски, член на Комитет за заштита на природното и културното наследство на Македонија.

 

„Селото има Детален урбанистички план во кој се предвидени градинка, училиште, зелени поврпини, се развива селото, а сега со ова какде би играле и учеле деца кога концесијата му е дадена на 20 години. Водата започнува да течи матна, животните и зиимите слегоа од планината во селото, бидејќи се расчисти теренот се исече шумата и едноставно се чувствиваме загрозени“, истакна Рубин Рујаноски, жител на село Ореовец.

Жителите прашуваат зошто тампон за новите патишта не се зема од околните рудници за мермер каде го има во изобиле и така неискористен стои со децении и постојано се зголемува со ископувањата.

„Никакви работи во врска со изградба на пат не се започнати, ние колку што знаеме не е ниту експропријација на земјиште направена, а веќе се копаат нови рудници за тампон. А тампон може да земат на само километар од тука од рудникот Сивец, а сите знаеме дека и таа јаловина претставува голема еколошка катастрофа за нас прилепчани“, додаде Георгиоски.

Ореовчани велат дека досега ниту еден државен надлежен орган не дошол во селото да им покаже дека Бехтел и Енка ги имаат сите потребни дозволи и дека се направени сите испитување за да нема штетни последици по нивните животи и животната средина токму затоа најавувата секојдневни протести.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи