ВИДЕО – За само 2 недели учениците СОУ „Ѓорче Петров“ освоија 8 награди на Државни натпревари и учества на голем број проекти


Наградите од државните натпревари како да се резервирани за учениците Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ – Прилеп. За само 2 недели учениците од ова училиште освоија четири први, една втора и три трети награди на државни натпревари и учества на голем број проекти. Ова е само уште еден мотив плус како за учениците така и наставниците да продолжат со уште поголема амбиција во иднина да ги реализираат своите активности.

„На националниот натпревар на ученички компании што се одржа во Струга, на крајот на април, нашата ученичка компанија го освои првото место, така што учениците и нивната менторка проф. Христина Петкоска-Димеска ќе одат во Италија на европски натпревар за ученички компании во организација на Џуниор Ачивмент Македонија“ истакна директорката на СОУ „Ѓорче Петров“, Жанета Видеска.

Станува збор за претставување на производ „Чоколаден пробиотик збогатен со витамин Ц“. Наградата беше освоена во конкуренција на 24 ученички компании, односно во конкуренција на ученици средношколци од скоро сите градови во Македонија.

Нашата ученичка компанија „Чоко пробио“ го освои првото место на Националниот натпревар организиран од Џуниор Ачивмент Македонија подрдржан од Агенцијата за меѓународен развој УСАИД и Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Македонија. На овој натпревар на кој се натпреварувавме 2 дена се натпреварувавме со видео кое траеше 30 секунди, презентација од 3 минути на која учениците беа испрашувани од жири комисија на на англкиски и македонски јазик. Понатаму имавме добро уреден штанд кој го оценуваше жири комисијата и претходно испратен компаниски извештај“, истакна Христина Петкоска-Димеска, професор по економски предмети.

 

„Во врска со производот имавме „Чоколаден пробиотик збогатен со витамин Ц“. Идејата ни дојде од тоа да го создадеме она слатко задоволство кај младите да го претвориме во една здр ава навика и сите оние предизвици кои си доаѓаат сами по себе со земање на таблетарна терапија и слично да ги претвориме во една малку поинакво искуство. Во врска со наградата добивме дипломи од самата организација. Овој проект е поддржан од доста разни компании од приватен сектор, како и од Министерството за образование. Добивме и ваучери од Академии. Qinshift Academy и Академија Семос во вредност на сите од по 200 евра кои може ние да ги запишеме на некоја од тие Академии кои што ги имаат понудено. Во врска со искуството нас ни е навистина мило што ја добивме оваа прва награда и што добивме можност да истражуваме уште повеќе да го надоградуваме својот производ и нашата ученичка компанија и со тоа да добиеме предност пред сите да бидеме дел од овој европски натпревар кој што е навистина едно големо искуство, така предвидувавме, така гледавме во минатите години, така што се надеваме дека ова е една добра прилика за сите нас да се запознаеме многу подобро и со програмата и со начинот на работа и со организацијата како организатор на самиот настан“, кажа Михаил Ангелески, ученик во СОУ „Ѓорче Петров“.

 Освен како добри претприемачи учениците од ова училиште се покажаа и како одлични иноватори.

Исто така во Струга, на UPSHIFT Bootcamp-от за социјални иновации за намалување на загадувањето на воздухот екипата на нашето училиште под менторство на проф. Ангела Кочоска го освои првото место и доби ваучер од 120.000 ден“, додаде Видеска.

 

Јас заедно со 5 ученици од нашето училиште развивавме социјална иновација за намалување на загадувањето на воздухот предизвикано од сообраќајот и учествувавме на натпревар кој што беше организиран од страна на UPSHIFT. Меѓу 35 апликанти бевме избрани помеѓу 10-те финалисти кои што имавме можност да ја претставиме нашата идеја на 3 дневен настан кој што се случуваше во Струга. Од 10-те финалисти бевме избрани во првите 5 победнички тима, односно го освоивме првото место, односно добивме награда од 120.000 денари кои што треба да ги искористиме за да ја реализираме нашата идеја во училиштето. Иновацијата пред се е да се намали загадувањето на воздухот предизвикано од сообраќајот, односно на паркингот на нашето училиште. Јас како инжинер по хемија имав на паркингот на нашето училиште да го намалиме загадувањето со помош на хемиски процес преку титан диоксид, преку фотокатализа“, изјави Ангела Кочоска, професор по хемија.

Фудбалска пак екипа на СОУ „Ѓорче Петров“ го освои третото место на Државното првенство “ГИМНАЗИЈАДА СТРУГА”2024 во ФУДБАЛ во машка конкуренција под водство на проф. Зоран Димоски.

„Освоивме награда за голем фудбал на средните општински училишта во конкуренција од 130 училиште ние го зедовме третото место “ГИМНАЗИЈАДА СТРУГА 2024“. Горди сме на нашиот успех. Ова ни е прва награда и в година се надеваме на уште повисока награда“, рече Трене Тренески, ученик во СОУ „Ѓорче Петров“.

 

Тие како генерација освојуваат награда, но училиштето има освојувано. Сме биле втори на ниво на Македонија во женски голем фудбал. 5 или 6 имаме учества на државни првенства што и тоа претставува голем успех, бидејќи да се пласирате на државно има голема конкуренција. Во екипата на момците кои играат годинава имаме само еден ученик од 4 година, така што и другата година ќе биде истата екипа и се надеваме на повисоко место“, додаде Зоран Димоски, професор во СОУ „Ѓорче Петров“.

Најчесто се вели кога те бидува те бидува за се. Па ова непишано правило важи и за СОУ „Ѓорче Петров“ каде учениците освоија и први места на Државниот натпревар организиран од страна на Здружението на музички педагози на Република Македонија во Кичево.

Ученичкиот музички бенд „The Doctors“ од нашето училиште на Државниот натпревар организиран од страна на Здружението на музички педагози на Макдонија кој се одржа во Кичево на 14 мај ја освои првата награда. Задоволство е да се работи со нив. Имаме тројца членови во бендот: Марко Стојаноски, Вилијам Спиркоски и Ѓорѓи Петкоски. Исто така на Државниот натпревар организиран од страна на Здружението на музички педагози за вокална интерпертација ученичката Марија Котеска освои прва награда. И лани имавме добиено прва награда исто со бендот и втора награда на Регионалниот натпревар со вокална интерпретација со ученичката Марија Наумоска. Често пати учествуваме и на разни хуманитарни настани, на настани кои ги организира градот, разни претстави или прослави организирани од нашето ученик“, вели Наташа Велеска, проф. по музичка уметност.

СОУ „Ѓорче Петров“ награди жнееше и по англиски јазик.

 „ На 11 мај на два различни натпревари по англиски јазик учениците ги освоија следните награди:

– Tретото место на Државниот натпревар ,,Spelling bee” за ученичката Јана Василеска под менторство на проф. Емилија Ѓ. Велкоски

– На Државниот натпревар ,,Eltam” второ место за ученичката Ема Трајкоска под менторство на проф. Марина Димоска

– И третото место за ученичката Меланија Јованоска под менторство на проф. Неда Ченто“, истакна директорката Видеска.

Професорката пак Наташа Ванчева е првиот стручен наставник- инструктор по практична настава на кого му е доделено признание за најхумана медицинска сестра за 2023 година за даден особен придонес кон сестринската професија во нашата земја.

Секоја година на 12 мај се одбележува Светскиот ден на медицинските сестри. Оваа година ми беше особена чест затоа што јас бев одбрана за една од најхуманите медицински сестри. Честа беше уште поголема бидејќи јас сум првиот стручен наставник по практична награда кој што ја доби оваа награда. Воедно ова не е само моја награда туку и награда која споделувам со сите мои ученици бидејќи за да добијаш една ваква награда не можеш да работиш самостојно“, потенцираше Наташа Ванчева, професор по практична настава на профилот медицински сестри.

Успесите на СОУ „Ѓорче Петров“ видливи и може да се најдат во многу полиња.

„Минатата недела потпишавме меморандум за соработка помеѓу LEAD и нашето училиште за имплементација на програмата произлезена од проектот „Коменаџирани средни училишта” кој ќе се спроведува во периодот од март 2024 до јуни 2025 под менбторство на проф. Ангела Кочоска, а одобрен е уште еден проект во соработка со LEAD кој ќе се реализира од јануари 2025 г. со ученици од текстилно-кожарска струка под менторство на проф. Јулијана Поповска. Со истата проф. втора година по ред ќе учествуваме на моден настан во Битола под наслов Креативен ден за промоција и афирмација на модата, поддршка на стручното образование, поттик на претприемништво меѓу младите и валоризација на домашните брендови“, додаде директорката Видеска.

Од ова средно училиште велат дека сите овие успеси се должат пред се на посветеноста, напорната и редовна работа на нивните наставници кон учениците и се надеваат дека ова ќе биде поттик за деветтооделенците да ја одберат својата идна професија токму во СОУ „Ѓорче Петров“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи