Се наоѓаме на рскрсницата на локалниот пат за село Оревоец и село Плетвар, позади нас се наоѓа ископот кој го отпочна Бехтел и Енка, врз основа на законот за утврдување на јавен интерес. Како жители на овие населени места во изминатиов период се соочуваме со сериозно загрозување пред се на нашата безбедност, сериозно загрозување на животната средина, живиот свет, растителниот свет, водата и почвата, истакна Жарко Стеваноски, адвокат и жител на село Оревоец.
„Позади нас во пазувите на планината Бабуна се наоѓаат 2 од 4 извори за питка вода од кои општина Прилеп се снабдува со вода и од кои се полнат резервоарите за снабдување со вода во селата Оревоец и Плетвар. По отпочнување на гражните активности патот кон село Оревоец и Плетвар е буквално девастиран со тешка механизација. Изведувачите, Бехтел и Енка, го раскопаа и постоечкиот пат и истото претставува опаснот и сообраќајниот режим е целосно загрозен и се доведува во опасност нормалното функционирање на сообраќајот на овој предел. Како урбана заедница до денес воспоставивме контакт со локалната самоуправа која е инволвирана и согласно законот и понатаму ќе биде инволвирана во реализација на овој проект. Од страна на градоначалникот ни беше ветена поддршка по сите можни активности кои се во надлежност на локалната самоуправа дека ќе бидат преземни експедитивно.
Запознати сме и тоа дека од страна на Државниот инспекторат за техничка инспекција и Државниот инспекторат за животна средина е излезено на терен, извршен е вонреден инспекциски надзор и констатирани се бројни незаконистости во работењето и активностите на Бехтел и Енка при реализацијата на овој проект во овој предел.
Од наша страна во тек е подготвка предлог за обезбедување на докази кој ќе биде доставен од урбаната заедница и жителите на село Оревоец до Основен суд Приеп за да се фискира фактичката состојба на лице место, а воедно ќе се бара и времена мерка за забрана за активностите кои во изминатиов период се случуваат тука.
Се вршеа и минирања на ископот кој го гледаме позади нас и кои предизвикуваат потреси и оштетување на статиката на недвижниот имот со кој што располагаат жителите. Се дига прашина која ја загрозува и животната средина. А воедно да напоменеме дека во овој предел се наоѓа и еден редок вид на пеперутка кој е заштитен и од домашните и од меѓународните органзиации за заштита на животната средина. Сметаме дека на ваков начин со одржување на секојдневни протести можеме да го спречиме изведувањето на овие штетни активности од страна на Бехтек и Енка се до донесување на соодветна одлука.
Очекуваме дека државните органи како што се Јавното претпријатие за државни патишта за кое имаме сознание и добивме известување од Министертсвото за економија дека поднело барање за концесија за овој реон, село Оревоец, каде што се вршат ископите и симптоматично е тоа што барањето е поднесено за издавање на концесија за ископ на мермер. Она што сите го знаеме и она што јас како адвокат го истражував е тоа дека ниту еден проект не вклучува материјал мермер за изградба на патишта. А концесијата е побарана токму за ископ на градежен материјал мермер. што за потребите на оваа делница сметаме дека во проектот ниту е предвидена и има друга од онаа за која што е донесен законот за утврдување на јавен интерес за реализаицја на овој проект. Ние и понатаму продолжуваме со протестите, ќе го спречиме ваквото дивеење од страна на Бехтел и Енка и апелираме до државните органи час поскоро да преземат одредени мерки за да го спречат ваквото уништување и на животната средина и загрозувањето на сигурноста на жителите на селата Ореовец, Плетвра и Крстец“, изјави Стеваноски.