По втор пат се реализираше проектот „МАРИОВСКИТЕ НАРОДНИ НОСИИ – II низ креативните раце“


Во рамките на годишната програма на НУ Завод и Музеј-Прилеп одобрено од Министерство за култура се реализираше по втор пат проектот „МАРИОВСКИТЕ НАРОДНИ НОСИИ – II низ креативните раце“ за 2024 година, кој вклучува едукација и популаризација на нашето културно наследство за деца и млади.


Прво се започна со едукативни предавања на тема: „Автентичноста на Мариовскара народна носиј (машка и женска),  со сите нејзини впечатливи атрибути за на крај да се стави акцент на украсните елементи. По неколкуте едукативни предавања следуваше работилница со вклучување на ученици од различна возраст каде оваа година имаше зголемен интерес за изработка на хартиени кукли „МАРИОВКИ“ чија цел се исполни и се реализраше едно несекојдневно едукативно-креативно дружење и изразување на младинци и деца преку создавање решенија од ликовно едукативен карактер.

Втора година по ред учиме за нашето културно наследство, со потикнување на младите за негово негување и ги потикнуваме како да направат своја креација со цел да се сака и почитува традиционалната народна носија. Денес во знак на Благодарност и успешна соработка доделивме БЛАГОДАРНИЦИ за сите учесници кои беа вклучени во реализација на проектот “МАРИОВСКИТЕ НАРОДНИ НОСИИ II – низ креативните раце” кој вклучува едукација и популаризација на нашето културно наследство на ученици од основни и средни училишта од Прилеп, одобрено од Министерство за култура со програмата за Национални Установи за 2024 година.

Во едукацијата и работилницата учествуваа 5(пет) училишта, две основни и три средни, ОУ „Кочо Рацин“, ОУ „Гоце Делчев“, СОУ „Ристе Р. Ричко“, СОУ „Гимназија Мирче Ацев“, и СОУ „Кузман Јосифоски Питу“ каде заинтересираноста беше поголема од мината година“, истакна Мр. Маја Ралева Миладиновски, носител на проектот.

Надворешен стручен соработник во проектот е етнолог Мр. Горан Василески од Институт за старословенска култура – Прилеп. Ралева Миладиновски за реализација на проектот искажа и благодарност до НУ Завод Музеј Прилеп и директорот Горан Цветкоски, како и наставниците од основните и средни училишта Прилеп, Павлинче Велјановска, Александра Христова, Методи Исков, Филип Перески и Александар Џинго.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи