Во петок, 24 мај во Прилеп по 18 пат ќе се одржи манифестацијата „Сите на велосипед“, која што традиционално ја организира велосипедскиот клуб „Илинден“ во соработка со Општина Прилеп.
Традиционално на Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј се одржува велосипедска тура до селото Мало Коњари, на која што учествуваат стотици велосипедисти од Прилеп и околината.
Стартот е предвиден во 12 часот од центарот на градот, или популарно од “реклами“ и се вози до училиштето „Страшо Пинџур“ во селото Мало Коњари каде што организаторите имаат обезбедено штанд со освежување за учесниците, а каде ќе бидат доделени и наградите за најмлад и најстар учесник. Потоа велосипедистите се враќаат до центарот на градот, каде и завршува настанот.
За учество потребен е технички исправен велосипед и желба за добро дружење, спортување и забава.
Овој настан е дел од иницијативата за промовирање на здрави животни навики и подигање на свеста за важноста на користењето на велосипеди како алтернативно превозно средство.