ВИДЕО – Бидете дел од најперспективните професии на пазарот кај нас – запознајте кои струки ги нуди СОУ „Орде Чопела“



Денеска во СОУ „Орде Чопела“ во Прилеп се одржа Отворен ден на кој деветтоодделенците имаа можност да се запознаат со стручното образование и струките кои ги нуди ова средно училиште.

„Оваа година по кункурс во СОУ „Орде Чопела“ во Прилеп ќе се запишат 9 паралелки од кои 4 дуални и тоа прехранбен техничар, пекар, техничар по фитомедицина и агротехничар. Оние ученици кои ќе се запишат во овие дуални паралелки ќе добиваат стипендија од 3.500 денари месечно, 9 месеци во текот на годината, но ние обезбедуваме стипендија и за сите останати ученици кои ќе се запишат во останатите паралелки од сектор земјоделство, рибарство и ветеринарство, односно техничар по ветеринарна медицина и сектор градежништво и геодезија, односно геодетски техничар и архитектонски техничар. Оваа година пријавувањето на учениците ќе се врши во еден  уписен рок со 2 пријавувања и тоа од 20 до 25 јуни прво пријавување, а второ пријавување на 1 и 2 јули. За оние ученици кои доаѓаат надвор од Општина Прилеп им е обезбедено бесплатно сместување во Ученичкиот дом „Орде Чопела“ со кој ние имаме беспрекорна соработка“ истакна Тереза Златеска, директорна на СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп.

 

„Овде се работи за струка која е доста барана и покажала голем интерес кај деветтоделенците во изминативе неколку години, но и струка која нуди брза можност за понатамошно вработување. Планирани се 34 ученици, бараме 60 поени, што значи учениците трреба да имаат минимум многу добар или одличен успех. По завршувањето учениците може да се вработат во оптиките како техничари за очна оптика, да се запишат на некој од факултетите. Значи после завршувањето учениците може да отворат и сопствен бизнис, односно оптика во нашиот град затоа што  клиенти и пациенти секогаш има за таа работа“, истакна Ангела Петреска, професор по стручни медицински предмети во профилот техничар за очна оптика.

 

„Учам во профилот зза техничар за очна оптика. Условите кои ги нуди нашето училиште за теоретска и особено на практична настава доведоа до мотив да се запишам јас тука, но исто така морам да го споменам тимот на обучени и стручни професори кои ни нудат достапни знаења и обуки. Професорите се едни од најзаслужните во нашата обука. Се учи за окото, за видот, наочарите, за брусење и слично“, додаде Јована Божиноска, техничар за очна оптика.

 

„Ветеринарната медицина е една благородна професија која што се грижи за здравјето на животнитге. Нашите ученици уште од 1 година, а и понатаму преку практичната настава имаат можност практично да се оспособуваат како да прегледуваат животни, како правилно да постапуваат, како да дадат соодветна терапија и понаму како техничари по ветеринарна медицина да можат да работат во ветеринарните амбуланти каде се изведува таа практична настава. И во нашето училиште има ветеринарна амбуланта и мини фарма каде што учениците учат. Станува збор за профил за кој се потребни 45 поени, може да се запишат 34 ученици. На првиот уписен рок се собираат поените од 6-то до 9-то одделение, тука е и поведението и предметите кои се значајни за струката биологија и хемија“, изјави Игор Галоски, професор по ветеринарни предмети.

 

„Се запишав на профилот техничар за медицина, затоа што сакам да им помагам на животните за здравјето и во иднина би сакала да се запишам на ветеринарниот факултет“, рече Матеја Илиевска, ветеринарен техничар по медицина.

 

„Условите се добри, имаме добра пракса, имаме многу добри професори кои ни овозможуваат феријална пракса и практична настава, изучуваме инструменти, како правилно да аплицираме лекови, најмногу внимаваме на воздухот во шприцот кој може да му штети на животното. Имаме можност да присуствуваме на операции, да бидеме асистенти. Исто така внимаваме на здравјето на животните, се грижиме за нив. Треба да има многу големо срце и треба да ги сакаат животните, да бидат апсолутно спремни на сѐ за да го спасат животното, да знаеме да дадеме добра и соодветна терапија, пристапот кон животното и помалку стресната ситуација за истото животно“, додадер Михаела Силјаноска, ветеринарен техничар по медицина.

 

„Им нудиме 2 профили, техничар за животна средина и хемиско-лабораториски техничар. Училиштето располага со кадар, со материјал и со лаборатории во кои се изведува практичната настава“, кажа Билјана Апчостолоска, професор по хемија во СОУ „Орде Чопела“.

 

„Нашата струка е во профилот хемија и технологија, како што кажа претходно професорката каде што спаѓаат и неколку други струки, наставата се одвива теоретски во училници, се одвива во лабораториите, сега имаме нови лаборатории, добро опремени, во лето имаме и феријална практика, т.е. учење преку работа во други компании или установи. Професорите се вложуваат на максимален левел, бидејќи пробуваат да ни објаснат поубаво, поопширно, ако не знаеме ни објаснуваат, затоа имаме и учење преку работа во лабораторија. За проектите, штотуку се вратив од Полска преку Еколоџик, поврзан околу животната средина. Мислам дека сме единственото училиште кое има проекти цела година, со различни невладини организации“, изјави Петар Јованоски, хемиско лабораториски техничар.

 

„Ние сме медицински и лабораториско-санитарни техничари, тоа е струка која е 4 години, која се состои од практичен дел и од теоретски дел. Теоретскиот дел се одвива во нашето училиште, додека практичниот дел имаме феријална пракса и вежби што се одвиваат во нашата лабораторија, која е современо исполнета со секакви апарати. Практичниот дел, имаме феријална пракса 20 дена во летото, одиме во разни здравствени установи како Здравствениот дом, трансфузија, болница, Заводот и многу други. Исто така во трета година имаме еден ден во неделата каде што ги посетуваме истите здравствени установи, а исто така имаме вежби во нашата лабораторија“, рече Мила Огненоска, медицинско лабораториски санитарни техничари.

 

„Не само што ги посетуваме, туку веќе работиме како дел од нив, од здравствениот кадар, земаме крв, испитуваме, проверуваме и слично. Имаме добра комуникација со пациентите, тие се задоволни од нас, ние сме задоволни од нив, мислам дека интересно е да се проба нешто вакво“, кажа Тајла Бибиќ, медицинско лабораториски санитарни техничари

 

„Овде го преставуваме секторот градежништво и геодезија, во овој сектор имаме 2 профили, геодетски техничар и архитектонски техничар. Станува збор за профили кои се основа на модерниот начин на живеење, односно се она што е градено или мора да се гради мора да биде претходно подготвено од областа на геодезијата и од областа на архитектурата. Најмногу ни е застапена практичната настава, учениците одат на пракса во геодетски компании, архитектонски бироа, градежни компании, катастарот и се спремаат за идни геодетски техничари. Впрочем тие се и нивните идни работни места. Исто така можат да работат и онлајн, бидејќи ние изучуваме голем број на компјутерски програми. Бидејќи станува збор за дефицитарни професии, Министерството за образование ни доделува стипендии по 3.500 денари, 9 месеци во годината“, потенцираше Маријана Костоска, професор по стручни  геодетски предмети.

 

„Јас се запишав на овој профил бидејќи мене ме привлекуваат геодетските инструменти и компјутерските програми, кои се користат при изградба на патишта, објекти, брани и други различни објекти. Исто така ние одиме на пракса во градежни компании, геодетски и најчесто во катастарот“, вели Михаел Димески, геодетски техничар.

 

„Јас сум запишан овде бидејќи ме интересира мене техничкото цртање и компјутерските вештини кои ги употребуваме, практичната настава“, додаде Кирил Настески, архитектонски техничар.

 

„Ова е штандот на прехрамбената струка од секторот хемија и технологија каде има можности учениците да се запишат со 4 годишно траење на образование како прехрамбен техничар и со 3 годишно траење на образование како пекар или месопреработувач. Има услови во училиштето, се реализира и теоретска настава, меѓутоа знаењата коиучениците ги стекнуваат преку теоретските часови ги применуваат во практичната настава, која дел се реализира во нашата училишна пеката Детелинка, се реализира во четирите училишни лаборатории, меѓутоа се реализира и во објектите од прехрамбената индустрија. Дуална паралелка значи дека има зголемен број на часови за теоретска настава и учениците имаат можност да земаат стипендија. Се запишуваат по 34 ученици во паралелка, кај дуалната паралелка е нешто помал бројот и тие уште од прва година склучуваат договори со фирмите, посетуваат практична настава, а исто така и во текот на летниот период одат на феријална пракса во фирмите од прехрамбената индустрија. Значи се стекнуваат со основа за да можат по завршувањето на образованието директно да се вклучат во работните процеси на организациите, можат да го продолжат образованието и на високо образовните институции, или да започнат сопствен бизнис, бидејќи тоа се занаети кои се бараат и кај нас и во странство“, изјави Мирјана Стојческа Ѓорѓиоска, професор по стручни предмети за прехранбена технологија.

 

„Нашето училиште нуди одлични услови за реализирање на теоретска и практична настава, овие пекарски производи ние ги реализираме преку практична настава во нашата училишна компанија Детелинка, имаме 2 пати неделно училишна пракса, преку лето имаме до 15 дена пракса, земаме стипендија“, вели Наталија Бошкоска, прехранбен техничар.

 

„Учениците кои сега треба да се запишат треба да размислат со нивните родители и да се соочат со фактот дека додека постои човештвото, секогаш му е потребна храна. Токму на нашите насоки за агротехничари и техничари за фитомедицина учениците ќе научат како да произведат храна за да можат да бидат самостојни, да произведат храна за нивните семејства, но и многу пошироко. Да можат да развија сопствени бизниси и доколку веќе нивните семејства се занимаваат со производство да се унапредат со стекнатото знаење во нашето училиште, да бидат уште поуспешни во нивните семејни бизниси. Во нашето училиште освен теоретскиот дел имаат и практична настава и училиштето располага со многу можности за изведување на практична настава, стакленик, пластеник, површини на отворено, соработка со реални компании каде се изведува пракса како земјоделски аптеки, Институтот за тутун, винарски визби. Исто така учат и за механизацијата и добро е што нашите паралелки се дуални, значи сите ученици добиваат по 3.500 денари месечно, што секако им го олеснува средношколскиот живот. Понатаму, доколку одлучат да студираат, од нашите насоки можат да се запишат на земјоделските факултети, на биотехнолошки науки итн“, потенцираше Филип Димкоски, професор по земјоделски предмети.

 

„Овде е многу добро да се учи, затоа што покрај практичниот дел и теоријата многу добро ги совладуваме, работиме многу со професорите, учествуваме на секакви натпревари, сега последно учествувавме на државниот тракторски натпревар каде јас освоив 2 место на државно ниво за заштита на растенијата и овошките“, рече Јане Нелоски, техничар по фитомедицина.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи