На 24.05. завршен настан од проектот „Денови на Св. Кирил и Методиј“ во црквата „Св. Кирил и Методиј“ – Параклис


По повод празникот посветен на Светите браќа Кирил и Методиј, сесловенските и македонски просветители, Здружението „Платформа за КРЕАТИВНИ КОНЦЕПТИ – Прилеп“ во соработка со Општина Прилеп и храмот „Св. Кирил и Методиј„ – Прилеп ве поканува да присуствувате на завршниот настан од проектот „Денови на Свети Кирил и Методиј“.

На 24.05.2024 година во храмот „Св. Кирил и Методиј“ – Параклис, ќе бидат презентирани делата изработени од страна на учениците од основните училишта од Прилеп кои во текот на претходниот и овој месец учествуваа на работилниците кои што беа дел од проектот. Се одржаа работилници од областа на македонскиот јазик, историјата и ликовната уметност со ученици од 7 и 8 одделение, преку кои се потенцираше значењето на Светите Кирил и Методиј кои го имаат како во Македонија така и во регионот.

Исто така ќе бидат одржани и предавања за значењето кое Светите браќа го имаат како во Македонија, така и во светот, од страна на професорот Горјан Василески.

Претходно за празникот кој е и храмова слава ќе се отслужи и Света Божествена Литургија со која што ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г-дин Петар.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи