Сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и мотоцикл во Прилеп



На 25.05.2024 во 11.20 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на крстосница од ул. „Прилепски бранители“ со ул. „Пере Тошев“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.А. (50) од с. Маргари, општина Долнени и мотоцикл „Јамаха“ со демирхисарски регистарски ознаки, управуван од А.А. (25) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градска болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи