РК Филип со учество на турнирот „5-ка ЗА РАКОМЕТ “ во Охрид, на 25 Мај, го најави планот за следните 4 години од својата програма за обука и развој на ракометот од најмала возраст.
„Циклусот кој е пред нас е предизвик со нови генерации да работиме на општата фиизичко здравствена состојба од најрана возраст на деца па потоа да градиме играчки потенцијал за останатите клубови која е основа поставена на школата од самиот почеток на клубот. Во соработка со повеќе школи за ракомет, следниов период освен редовните тренинзи 3 до 4 пати во неделата, ќе се дружиме и играме ракомет за да ги забележиме недостатоците на кои треба да посветиме внимание за правилен технички напредок на децата. Најавуваме турнир за деца со поголемо учество на екипи на оваа возраст крајот на Август оваа година за да го претставиве концептот пред јавноста што работи РК ФИЛИП и зошто своето дете да започне баш тука со тренинг“, велат од РК Филип.
\