ВИДЕО – Мирческа Гаврилоска: Фондот ги казнува лекарите бидејќи препишуваат терапија за хроничните болни, ова е апсурд


Прилепските манатични лекари денеска излегоа на протест пред Фондот за здравствено осигурување поради како што велат неправедната казнена политика на оваа установа. Имено лекарите биле казнувани затоа што им препишувале рецепти за терапија на хроничните болни и со тоа според Фондот ја прекорачувале квотата. Тоа за лекарите е вистински апсурд.

„Денес во името на сите колеги сакам на овој протест да го изразиме нашиот револт кон казнената политика на Фондот за здравствено осигурување, поради тоа што во изминатото тромесечие голем дел од колегите се казнети со големи парични суми поради совесно и професионално извршување на својата работа, одноносно поради пропишување на хроничната терапија, која редовно месечно им следува на нашите пациенти. Казните се состојат во тоа што има надминување на бројот на пропишани рецепти на ниво на едно тромесечие. Нашите барања се однесуваат да дојде веднаш до промена на казнената политика од стана на Фондот кон матичните лекари бидејќи непознавам некој да биде казнет поради несовесно и професионално извршување на својата работа, а не напротив да биде награден. Второто наше барање е покачување на капитациониот бод со цел да биде издржливо финансиски во текот на месецот да си ја извршуваме нашата дејност. Се надевам дека овие наши барања што поскоро ќе ги слушнат надлежните органи и нашите проблеми ќе бидат надминати“,  вели д-р Билјана Мирческа Гаврилоска, координатор за Прилеп, Крушево и М. Брод на Здружението на приватни лекари на Македонија.

Според Мирческа Гаврилоска лекарите се казнети за професионално извршуваме на својата работа.

„Односно на нашите пациенти за нивните потреби, за хронична терапија која што ја примаат поради најразлични дијагнози било тоа да е покачен притисок, дијабет или друго, ние им препишуваме рецепти кои им се следуваат за да си ги подигнат лековите од аптеките и со тоа сме го надминувале бројот на пропишани рецепти. Немаме увид како тоа се случува единствено после тромесечието стигнува автоматски генериран меил во кој не известуваат дали имаме прекорачување на квотата и ако постои надминување тогаш во зависност од прекорачувањето процентите за казната се најразлични“, додаде Мирческа Гаврилоска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи