Денеска во СОУ „Наум Наумоски – Борче“ во Крушево се одржа Отворен ден за деветтоодделенците кои се запознаа со струките кои ги нуди ова средно училиште кај нас, а кои во моментов се едни од најплатените и најбараните, како во Македонија така и во странство.
„Нашето училиште е комбинирано училиште кое нуди гимназиско образование и угостителско образование при што таму имаме 3 годишно образование за готвач келнер и слаткар и 4 годишно образование за угостителски техничар, хотелско туристички техничар ресторански техничар. Прво би кажала за гимназиското образование која е предноста да се учи тука. Предноста е што имаме мали класови и тоа значи дека можноста на ученикот да се стекни со повеќе знаење и поголема. Од причини што може да му посветиме внимание на секој ученик да му укажеме на неговите слабости и недостатоци. Во однос на стручното образование предноста е во тоа што добиваат знаења и вештини од една струка која што во денешно време е многу барана, а тоа е угостителската струка. Не само што е многу барана, туку таа е и многу платена. Зборуваме не само за државата туку и за надвор од неа. Имаме многу успешни ученици кои се излезени од ова училиште кои што својот живот и професијата ја развиваат надвор од државата во туристички места каде што се восхитувачи платени. Во стручното образование имаме дуално образование што значи повеќе часови за практична настава и со самото тоа вештините се стекнуваат многу побрзо и да речам повешти стануваат во тој поглед. Имаме социјални партнери и во Крушево и во Прилеп“, истакна Снежана Миленкоска, директорка на СОУ „Наум Наумоски – Борче“.
„СОУ „Наум Наумоски – Борче“ ја нуди угостителско туристичката струка која што е застапена тука повеќе години. Под угостителско туристичка струка тука спаѓаат готвач, келнер, слаткар тоа е комбиниран профил, угостителски техничар, хотелски техничар и ресторанско-хотелски техничар. Првиот профил готвач е со 3 годишно траење, додека останатите профили се со 4 годишно траење. Доколку ученикот се одлучи за професијата готвач може да се школува 3 години со можност да остане уште една година во нашето училиште и да земи уште една диплома за четврт степен што значи дека нашиот ученик од тука ќе излези со 2 дипломи.
Зошто би ја одбрале оваа струка? Ако земиме во предвид по многу истражувања, ако ја ставиме на прво место медицината и програмерството, втора е оваа струка гастрономијата и послужувањето. Секој човек мора денеска да биде послужен, угостен. Се наоѓаме во Крушево кое е туристички град, тука туризмот започнува многу да се развива и да постигнува високо ниво. Ние се трудиме кадрите да ги вадиме онака како што заслужува секој гостин да биде угостен во нашето Крушево и во сите други туристички места.
Учиме по нови програми модуларно дизајнирани каде акцентот е ставен на практичната настава во нашето училиште, учениците се повеќе надвор од школото каде што под менторство на работовач, кои се наши социјални партнери, каде извршуваат практична настава во угостотелските објекти. Социјални партнери имаме во Крушево, Прилеп, сега такво партнерство склучуваме со Битола и Охрид каде што учениците имаат можност навистина да избираат каде сакаат да ја извршуваат таа феријална пракса.
Кога станува збор за тоа што тука во училиштето се предава, се подготвува од страна на храната и од страна на послужувањето од училиштето, кое си има распишано тендер за набавка на тие прехранбени продукти, што зналчи учениците немаат никаков трошок во однос на тоа. Тоа го подмирува училиштето. Се учат нови рецепжти, се пчробува, се дегустира, се сервира, се изложува, нормално за да ученикот еден ден знае како да го спроведе истото во угостителскиот објект.
Во однос на воннаставните активности кои се застапени во нашето училиште нема ден каде што нашите ученици не се некаде надвор и не се вклучени во различни натпревари. Активно земаме учество на меѓународни натпревари во Хрватска, Србија, Бугарија, Македонија и нема натпревар каде нашето училиште не освоило награда, прва или втора.
Ова се доста платени професии и барани. Со оглед на тоа дека доаѓаме во време каде овој кадар е доста потребен. Мислам дека учениците треба навистина да размислат што би одбрале. Јас можам да кажам дека навистина добро е да се занимаваш со храна, тоа е една уметност да знаеш како да работиш со храната и пијалоците и задоволството на самиот работник е тогаш кога ќе ја видиш насмевката на гостинот. Можноста да се вработат учениците ја добиваат со започнувањето на самата феријална пракса. Доколку своите стекнати вештини во нашето училиште, под наше ментортсво, се до некое ниво постиганти тие може со самата феријална практика уште од прва година да заработуваат. Работоавачпот може да ги плаќа со одреден надоместок. Со текот на годините може ученикот да стекне и работно место и солидна плата. Инаку нашето училиште е член на Националната Асоцијација на готвачи на Македонија “ГАСТРО МАК” која во текот на годината не подржува со различни активности, настани и натпревари“, рече м-р Љупчо Крстевски, професор по посебно стручни предмети од областа на гастрономијата и послужувањето.
„Оваа струка ја одбрав токму поради тоа што во денешно време е многу барана. Со оваа струка јас можам сега како ученик, а подоцна како возрасен да работам или во туристичка агенција или пак на рецепција. А доколу ги познавам добро јазиците може да се снајдам и како стјуардеса во аеродромите. Оваа струка во денешно време е многу платена и многу барана. Затоа и нашите луѓе од Македонија заминуваат за Хрватска токму поради тоа што струката е барана“, истакна Јована Митреска, хотелско-туристички техничар.
„Пред се желбата да го одберам овој профил е тоа што тој е комбиниран. Учиме дел од гастрономијата и е навистина интересен и добар сектор, а воедно сега и најбаран на пазарот. Секогаш доколку не сте сигурни што да работите може да најдете работа со оваа струка. Ние во ова училиште имаме и пракси кои што се одвиваат тука во ресторанот, а воедно и во некои хотели и објекти во Крушево и во други градови. Би им препорачал на сите деветтоодделенци да се запишат тука затоа што овој профил е доста добар и баран и нема да згрешат ако го одберат овој профил“, рече Никола Георгиев, угостителски техничар.
„Учам во ова училиште како готвач. Предноста е што можам да се запишам и во 4 година. Така што за 4 години може да добијам и 2 дипломи. Новитет во нашето училиште е специјалист готвач. Тоа е 5 година за тие кои што не сакаат да се запишат на факултет, вонредно се зема и имате диплома за специјалист мајстор готвач. Во нашето училиште 2 дена се одржува пракса. Од кој едниот ден праксата е во училиштето, а другиот ден е во некој угостителски обејкт. Професорите се предобри, ни објаснуваат се. Јас еве на пример одев на феријална пракса и таму продолжив да одам и да ми плаќаат дневница“, истакна Марија Шемоска, готвач.
ЗОШТО ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ?
„Зошто гимназиско образование? Самиот концепт на гимназиското образование кој доживеа реформи во далечната 2001 година им овозможува на учениците принцип на изборност. Каков е тој прнцип на изборност? Се работи зза концепт кој освен општо образовните предмети кои учениците ги учат од 1 до 4 година. Постои и принцип на избор во смислам на тоа дека ученикот избира кои предмети сака да ги слуша во подоцнежните 3 и 4 година. Тоа благо насочување на ученикот во однос на неколкуте подрачја кои ги нуди како изборни гимназиското образование се случува уште во 2 година, поточно уште во 1 година, кои како што кажав значат благо насочување кон едно од 6 подрачја кои ги нуди гимназиското образование. Тоа се општествено хуманистичко подрачје, природно математичко подрачје и јазинко уметничко подрачј и нивните комбинации, кои ги сочинуваат тие 6 изборни подрачја. Зошто е интересно гимназиското образование, заради принципот на изборност. Тој му овозможува на ученикот на слуша предмети кои ги сака, предмети кон кои тој има афинитет, предмети за кои има вештини и способности. Ова е важно особено за учениците кои во своите рани 14 години, кога се наоѓаат на крстосница во нивниот живот и треба да одлучат каде да го продолжат образованието, не се докрај свесни за тоа што е она што ги интересира, па гимназиското образование им остава малку вакум период да до крај се осознаат себеси, своите вештини и афинитети и да направат правилен избор во колј правец ќе продолжи нивното образование“, потенцираше Зорица Папалазоска, професор по македонски јазик во СОУ „Наум Наумоски – Борче“.