Максимални 100 бода и Специјална награда за женскиот камерен хор „Керамија“ на Интернационалниот фестивал „Арт Ин“

Женскиот камерен хор „Керамија“ од Прилеп под диригентска палка на Катерина Попоска на о1 Јуни 2024 година учествуваше на Интернационалниот фестивал од натпреварувачки карактер „Арт Ин“ во Кавадарци и се закити со максимални 100 бода и Специјална награда.

Хорот е составен од аматери, ентузијасти и вистински вљубници кон хорското пеење. „Керамија“ до сега има учествувано на повеќе фестивали од ревијален карактер како што се Интернационалниот фестивал ТеХо ’23 Тетово, фестивалот за камерни хорови „Астибо“ Штип, „Зимска приказна“ Битола , „Предновогодишен базар “ Прилеп.

За 2024 година планирано е и учество на ТеХо ’24. Оваа 2024 година во Октомври месец планиран е и целовечерен концерт. Моментално во хорот членуваат Ане Чесноска, Оливера Цветаноска, Маја Јорданоска, Билјана Црвенкоска, Катерина Димеска Ангелеска и Катерина Попоска и како хорист и како диригент.

„Вратите на „Керамија“ се отворени за секој што би сакал да се занимава со хорската уметност. Посебна Благодарност до професорот Трајче Зуљамоски што парично ни’ помогна за гардеробата на хористките“, истакна Попоска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи