99 санкционирани возачи на територијата на Прилеп

Во текот на 02.06.2024 во периодот од 14.30 до 19.30 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на Прилеп, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се 99 возачи, од кои 39 за возење без возачка дозвола, осум санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, седум мерки за некористење заштитна кацига при возење мотоцикл, две санкции за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), четири мерки за возење под дејство на алкохол, шест санкции за возење со брзина поголема од дозволената…

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи