Одлично трето издание на “SAMOKOV XTREME“ – многу адреналин, дружење и прекрасна природа

Во организација на Општина Македонски Брод и Здружението Форум за авангардна креативност викендов во Поречието се одржа третиот адреналински фестивал на отворено “SAMOKOV XTREME“.

Главната цел на овој фестивал е развојот на туризмот во Поречкиот регион и ставање на с. Самоков на мапата на атрактивни дестинации за авантуристички туризам. Присуствуваа над 500 вљубеници во природата и авантуристи кои учествуваа во возење со теренски возила, мотокрос, возење со АТВ возила, планински велосипедизам и планинарeње.

Фестивалот помина во одлична атмосфера и им овозможи на сите присутни ентузијасти, кои го направија овој настан да биде едно незаборавно и прекрасно доживување, да уживаат во звуците на природата, чист воздух, адреналин, дружење и нови пријателства, но секако и нови искуства.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи