ВИДЕО – „ИДНИНАТА Е ВО ТЕХНИКАТА“ – бидете дел од некоја од струките на СОУ „Ристе Ристески Ричко“



СОУ „Ристе Ристески Ричко“ денес е едно современо училиште кое ги нуди професиите на иднината, а тоа се смеровите: Електротехника, машинство, графичарство, сообраќај, транспорт и складирање и спортска гимназија.

„СОУ „Ристе Ристески Ричко“ денес претставува модерно и современо училиште биејќи ги следи потребите на пазарт на трудот, а и честата комуникација на раководниот тим од училиштето со компаниите преку потпишување на меморандуми за соработка овозможува квалитетна практична настава. Јас ќе дадам осврт на електротехничкиот сектор кој што го сочинуваат повеќе профили како што се компјутерската техника и информатика. Потребните поени за упис за компјутерската техника и информатика се 55 поени и учениците ќе се стекнат со вештини од програмирањето, информатиката, роботиката, но и од управувањето на автоматизираните процеси.

Исто така познат смер во овој сектор е и електроника со телекомонукации каде што потребните поени за упис се 50 и знаеме дека електрониката е база или основа на цела електроника, односно на цел електротехнички сектор. Без електроника нема никакви можности за развој. Електротехничкиот сектор има и дуална паралелка позната како ТИМ – техничар за индустриска мехатроника. Кога зборувам дуална тоа значи дека тука имаме зголемен број на часови по практична настава и практичната настава се одвива од 2 година, па се до 3 и 4 година. И се учи по германски модел, а потребните поени се 55 и таа е комбинирана паралелка со електротехничар енергетичар каде што потребните поени за упис во електротехничар енергетичар се 45.

Исто така електротехничкиот сектор има и 3 годишно занимања каде што го сочинуваат 2 профили автоелектроничар и електричар, а потребните поени за упис се 30.

И на крај сакам да напоменам една добра поната работа, а тоа е дека иднината на градот и државата е во токму во овој млад свет, а иднината е во техниката и се надевам дека учениците ќе изберат да работат паметно и да учат стручно и исто така се надевам дека изборот ќе биде еден од овие профили, па ученици ве очекуваме“, изјави Дејан Петкоски, професор по стручни предмети од електротехничката струка.

 

„Јас се запишав во стручно училиште бидејќи имаме поголема практична настава и покрај теоретскиот дел имаме и практичен дел каде го усовршуваме нашето знаење и сепак има поголем дефицит на овие струки во денешно време. Панатаму планирам да продолжам на електро факултет или нешто слично поврзано со оваа струка“, вели Филип Манески, ученик во СОУ „Ристе Ристески Ричко“, електротехичар енергетичар.

 

„Машинската струка секоја година запишува по 3 паралелки од кои 2 паралелки се со 4 годишно образование, а едната е со 3 годишно образование. Во првата паралелка со 4 годишно образование запишуваме 2 профили и тоа : техничар за производно машинство која што е дуална паралелка, каде запишуваме 10 ученици и таму се потребни 55 поени и таа е во комбинација со профилот машински техничар за кој што се потребни минимум 45 поени. Исто така и машинскиот техничар ни е дуална паралелка по македонски стандарди. Овој клас брои максимум 25 ученици. Техничарот за производно машинство практичната настава во соработка со Германската стопанска комора и со 2 комании ВИК и Ламинати каде што овие ученици одат на практична настава, додека учениците од машински техничар и со нив бидејќи и тие се дуална паралелка по македонски стандарди тие ќе изведуваат практична настава со „Ачик инжинеринг“, „Сварог“ и „Ферофлекс“.

Другата паралелка од 4 годишно образование ни е исто така комбинирана, таму ги имаме профилите машински техничар за моторни возила и машинско енергетски техничар. Исто така и во оваа паралелка примаме 25 ученици бидејќи едниот од профилите ни е дуална паралека, а тоа е машинско енергетскиот техничар, каде што се потребни минимум 45 поени и имаме соработка со фирмите „Технобен“ и „Еуротерм“. Додека машинскиот техничар за моторни возила не е дуален смер, тој е редовен смер, практичната настава таму учениците ја изведуваат во автомеханичарските сервиси во градот. И кај нив се потребни минимум 45 поени а упис.

Значи предноста на дуалните паралелки е тоа што освен што имаме соработка со одредени фирми со кои имаме меморандум за соработка истите тие ни нудат и вработување на учениците после завршувањето на средното образование. Лани бидејќи имавме прва генерација која заврши по германски стандарди, каде што учениците изведуваа пратична настава во ВИК од 5 ученици, двајцата се веќе вработени во компанијата и сега веќе тие работат во фирмата.

Третата паралелка е со тригодишно обраование, од оваа година имаме различни смерови со доста различни профили, имаме три профили, тоа се: автомеханичар, заварувач, и инсталатер за греење и климатизација. Паралелката брои триесет и четири (34) ученици, минимум поени потребни за упис се 30 поени. Бидејќи како што знаеме дека секаде имаме дефицит на заварувачи, затоа одлучивме оваа година да го вметниме и тој профил во тригодишното образование.

Учениците од дуалните паралелки, односно од профилот техничар за производно машинство кој што е дуална паралелка по германски стандарди,земаат надоместок од страна на компаниите по 3500 денари секој месец, а истотака имаат право и да конкурираат а стипендија во министерството за образование и наука. Истотака учениците од другите дуални паралелки по македонски стандарди ја имаат таа можност да конкурираат за стипендија од МОН“, потенцираше Гордана Насеска, професор во машинската струка при СОУ „Ристе Ристески Ричко“.

 

„Учам во смерот техничар за производно машинство, одам во ВИК на пракса и планирам да одам на машински факултет, а сега за сега не знам. Па, отприлика за составите на пластичните маси, како се изведуваат деловите од тоа и како се креираат“, рече Далибор Шијакоски, техничар за производно машинство, ученик во СОУ „Ристе Ристески Ричко“.

 

„Смерот ни е графички уредник и дизајнер, смер во кој запишуваме 34 ученици во една паралелка, за кои се потребни 45 бодови. Како што ги сменуваме годините односно прва, втора, трета , и четврта година, на почетокот се запознаваме со самата теорија, со проблематиките во графичкиот дизајн, за потоа да можеме да ги примениме во изичувањето на софтверите за дизајн, како што се Photoshop, Corel Draw, Illustrator, In design и останатите. Со завршувањето на оваа струка со изучувањето на оваа материја учениците можат да продолжат и на високо образование, како и да се оспособат за вработување во фото студија, во печатница и во останати дејности. Голема придобивка е тоа што имаме во самата струка фотографска секција во која што ги изучуваме правилата на фотографијата и секција во која што ичилиштето од наредната година обезбеди техничка опрема. Истотака имаме опремена графичка работилница во која што самостојно можеме да печатиме дел од нашите дизајни кои потоа може да се претстават на различни натпревари. Учениците од графичката струка истотака можат да учествуваат во ERASSMUS проекти, најчесто имаме од Португалија, Шпанија, Италија и останатите држави. Праксата од оваа струка освен што се изведува во нашето училиште се изведува во фотостудијата, во разни продукции, во најголемите печатници во градот, каде што се нуди голема можност за вработување на самите ученици“, посочи Мирослав Трпкоски, професор по стручни графички предмети по во графичката струка.

 

„Предметот е доста интересен, имаме доста интересни програми и предмети, ги изучуваме пред се програмите  Corel Draw, Photoshop, In design,Illustrator и другите. Имаме истотака и фотографска секција на коа јас сум член, ги изучуваме, основните техники на фотографијата, како да направиме една добра фотографија, имаме опремени кабинети со компјутери, истотака иаме и работилница, во која можеме и самостојно да печатиме и да ги изучуваме програмите и машините за печатење и пред се голема придобивка имаме со тоа што е во денешно време најбаран смер и најбарана работа и професија, и понатаму можеме да продолжиме да работиме самостојно или во печатница“, рече Михаел Грашкоски, графички дизајнер.

 

„Од смерот сум многу задоволна имаме многу практична настава, ги изучуваме програмите, фотографска секција, со која учествуваме на изложби, и после изучувањето на срдното образование мислам дека имаме многу повеќе услови. Прво мислам завршување на академија и потоа да си отоврам или самостојна работа или во некоја од печатниците“, додаде Милана Димитриеска, графички дизајнер.

 

„Тука се дел од учениците од сообраќајната струка, имено оваа струка веќе низа години функционира успешно со СОУ „Ристе Ристески – Ричко“. Застапена е со 2 профили, техничар за транспорт и шпедиција и техничар за патен сообраќај. За првиот профил техничар за транспорт и шпедиција потребни се минимум 60 бодови, додека за вториот профил техничар за патен сообраќај потребни се 55 бодови. И во едниот и во другиот профил се запишуваат максимум 34 ученици. Би сакала да напоменам дека интересот овие години наназад е доста голем, самиот факт што сообраќајот е нешто неминовно во нашето секојдневние и кое сите ние на некаков начин го користиме и сме учесници во истиот, доведува до заклучок за големиот интерес за оваа струка. Друго што сакам да напоменам е изработката на овие вежби кои моментално ги гледате, тоа се вистински практични вежби кои се изработуваат после завршувањето на нивното средно училиште и допринесуваат за понатамошниот нивни развој.

Покрај теоријата, имаме и практични делови кои се однесуваат на посета, односно работа во вистински фирми, кои се поврзани на некаков начин со сообраќајот, тука би ги спомнала сите автотранспортни фирми, сите фирми за царина и шпедиција, сите автошколи, технички прегледи, автобуската станица и ред други кои на некаков начин се директно или индиректно поврзани со сообраќајот и транспортот. Исто така битно за учениците е што имаат можност за понатамошен кариерен развој во струката, па и во сите технички високообразовни институции. Значи со завршувањето на средното школо кое е 4 годишно учениците добиваат звање техничари и истите имаат можност за понатамошен кариерен развој не само во областа на сообраќајот, туку и во сите технички науки. Би ги наброила високообразовните институции кои што се сродни на нашата струка, тука би го спомнала техничкиот факултет во Битола со неколку профили, би го спомнала факултетот за царина и шпедиција во Охрид, факултетот за безбедност во Скопје, факултетот за логистика и организација во Штип и сите оние технички школи кои се индиректно сродни во нашата струка.

Во склоп на сообраќајната струка успешно функционира и сообраќајната училишна единица која е дел од сите настани во нашиот град, би напоменала промена на режим на сообраќај доколку се случуваат одредени настани, било тоа да се спортски, културни манифестации, значи учениците од сообраќајната струка, заедно со припадниците на МВР од секторот за сообраќај успешно вршат реорагнизирање и регулирање на сообраќајот при новонастанатата ситуација. Учениците од сообраќајната училишна единица често пати имаат и превентивни акции за одредени настани, како Денот на сообраќајната култура, ги опоменуваат учесниците во сообраќајот за важноста од сообраќајната култура и за важноста од почитувањето на сообраќајните правила и прописи“, кажа Виолета Секулоска, професор по група на предмети од сообраќајната струка.

 

„За да се запишам во ова училиште и оваа струка беше предуслов љубовта кон сообраќајот и тоа што сакам да спасувам човечки животи. Ние изучуваме разни предмети од сите сообраќајни гранки, изучуваме логистика, шпедиција, патниот сообраќај посебно, потоа водниот, железничкиот сообраќај, ја изучуваме патната инфраструктура, учиме и цртање на самите сообраќајници. Исто така имаме и феријална пракса по завршувањето на учебната година, но и во склоп на учебната година имаме пракса преку училишната сообраќајна единица. Понатаму јас се гледам како дел од студентите на безбедносниот факултет“, рече Теодора Тунеска, техничар за транспорт и шпедиција, ученик во СОУ „Ристе Ристески Ричко“.

 

„Во нашето училиште од 2009 година се изучува профилот на спортската гимназија, каде за упис се потребни 50 бодови. Доколку некој ученик не ги исполнува условите, може да ги надокнади бодовите со полагање на задолжителниот тест на полигон, кој е наменет и прилагоден за физичките способности на учениците, со претходно изучените вежби во основното образование. Во текот на 4 годишното образование во профилот на спортската гимназија покрај основните предмети како македонски јазик, математика, се изучуваат и 2 странски јазици во текот на 4 години, имаме и теоретски стручни предмети, како и пракса која се одвива во спортската сала. По завршувањето на четиригодишното образование учениците од спортската гимназија имаат право да се запишат на било кој факултет, призната е на сите факултети и без проблем можат да продолжат каде сакаат. Во текот низ годините нашето училиште учествува на многубројни натпревари на општинско, регионално и државно ниво. Нашите ученици поминуваат доста добро, најново оваа година нашиот футсал тим беше државен првак во цела Македонија од сите средни училишта, а во текот на годините се освојуваат турнири и во одбојка, кошарка, голем фудбал, значи се учествува на сите полиња“, истакна Христијан Митрески, професор по спорт и спортски активности.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи