ВИДЕО – Сите партии од Прилеп застанаа позади жителите на Оревоец да се стопира ископот на Бехтел и Енка


Политичките чинители од Прилеп, советници од сите партии и пратеници на чело со градоначалникот застанаа позади барањето на  жителите на селото Ореовец да се преземат итни активности за стопирање на ископот за тампон на Бехтел и Енка кој се наоѓа на само 200 метри од нивното село. Тампонот би се употребувал за новиот автопат Прилеп – Битола. Но поради минирањата веќе се оштетени  голем број куќи, а загрозени се и дел од изворите за вода на Прилеп и целата животна средина во овој предел.

„Навистина сериозно како локална самоуправа ќе алармираме до соодветните институции, добро да се анализираат сите правила и закони и воедно ќе побараме обраќање и на изведувачот, односно на ЈПДП, дали се спроведени сите услови и члченови за правилно концесионирање во ова подрачје“, истакна Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Според пратениците од ВМРО-ДПМНЕ доколку продолжат ископувањата на Прилеп ќе му се случи еколошка катастрофа со повеќе кратни последици. Бараат преиспитување на договорот со Бехтел и Енка и расчитување на сите вакви аномали, затоа што ако се раскинел целосно Македонија ќе платела огромни пенали.

„За овој договор за коj како пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш во опозиција, зборувавме дека е неуставен, криминален и донесен на шверцерски начин со злоупотреба на европското знаменце во повеќе наврати, со анулирање на 9 други важечки закони и со кој на Бехтел и Енка со овој закон се овозможи формирање на вакви чудовишта како што е овој каменолом во Оревоец“, изјави Петар Ристески, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп.

Според пратениците пак од Левица од 4 ИЕ договорот со Бехтел и Енка бил неуставен и незаконски, а нешто што не било склучено по закон лесно можело и да се раскине и Македонија да нема обврска да плаќа казни.

„Договорот излезе од еден куп закони и тоа ер класична злоупотреба на службена положба. А во правото има еден прицип каде од неправо не може да произлезе право и ова ќе мора да заврши со кривични пријави и со спроведување на една кривична постапка. Тоа многу лесно ќе се докаже и тоа е еден основ за раскинување на договорот, ако се заврши таа кривично правна постапка, поради тоа од што неправо не може да произлезе прави и според тоа многу лесно ќе може да се раскине договорот и врз основа на таков договор тие не може да бараат надоместо на штета“, кажа Сашко Канчев, пратеник од Левица.

Жителите пак покренаа и судска постапка пред Основниот суд во Прилеп.

„Имаше дојдено претставници ЈПДП заедно со судија од Основне суд Прилеп на кој состанок повторно од ЈПДП не презентираа никаква документација  и согласно нашите законски процедури за кои сите знаеме дека се долги и мачни судот мораше да побара од нив повторно во законски рок да ги достават сите документи, што за нас е револтирачки и нечовечки“, вели Рубин Талески, жител на село Ореовец.

Протестите и блокадите на овој каменолом кои траат веќе 4 недели ќе продолжат и во периодот кој следува.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи