По пријава во ЦУК, пожарникарите во Прилеп уловиле змија во градот, која подоцна била пуштена во природа

Граѓаните да внимаваат на појавата на змии во овој потопол период, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи.

„Преку единствениот повикувачки број за итни повици – 112, вчера, имало пријава за пронајдена змија на улицата „Мирче Ацев“ број 9 во Прилеп. Интервенирано е во 13.45 часот од страна на Територијалната противпожарна единица – Прилеп со тројца пожарникари и едно возило. Змијата била безбедно уловена жива, па потоа транспортирана и пуштена во природа“, појаснуваат од ЦУК.

Како што додаваат од ЦУК, изминатото деноноќие низ државата имало и повици за опасно виснати кабли под напон, небезбедни улици и патишта, паднати дрвја врз возила, одрони.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи